Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 НАУЧНИЦИ ОТКРИВААТ: Наталожените масти на стомакот се поврзани со појавата на Алцхајмерова болест
Економија

НАУЧНИЦИ ОТКРИВААТ: Наталожените масти на стомакот се поврзани со појавата на Алцхајмерова болест

22/11/2023

AA

Една нова студија ги поврзува висцералните, или
абдоминалните маснотии во четириесеттите и педесеттите години со подоцнежна
дијагноза на Алцхајмерова болест.

Научниците истакнуваат дека виновникот за тоа не е никакво
наталожено сало.

Тие објаснија дека се работи за абдоминална маст наталожена
длабоко во стомакот која ги опкружува абдоминалните органи, а позната е и како
висцерална маст и треба да се разликува од поткожното масно ткиво кое се наоѓа
веднаш под кожата.

Истражувачите кои работеа на оваа студија открија дека
салото на стомакот предизвикува воспаление кое може да влијае на мозокот и да
биде претходник на раните фази на Алцхајмеровата болест неколку децении пред да
се манифестира.

„Веќе некое време знаеме дека како што се зголемува
стомакот, мемориските центри во мозокот стануваат се помали“, вели д-р Ричард
Исаксон, невролог од Институтот за невродегенеративни болести во Флорида кој ја
проучува Алцхајмеровата болест.

Тој појаснува дека ова истражувањето покажало
невроинфламаторен маркер на мозокот што не го видел досега. Снимањето на
мозокот сугерира дека абдоминалната маст, или висцералната маст, може да биде
поврзана со дисфункција на мозокот преку воспалителна каскада“. Резултатите од нивната студија беа
презентирани во ноември на годишната конференција на Радиолошкото друштво на
Северна Америка во Чикаго.

Истражувачите ја проучувале состојбата на 54 когнитивно
здрави учесници во студијата на возраст меѓу 40 и 60 години, чиј просечен
индекс на телесна маса (БМИ) бил 32.

Оние со повисок сооднос на висцерално и поткожно масно
ткиво, исто така, имале повисоки нивоа на амилоид протеин (кој е поврзан со
развојот на Алцхајмерова болест) во делот од мозокот каде што болеста се
манифестира кога првпат се појавува.

Се чини дека оваа маст предизвикала и воспаление на мозокот,
што е уште еден поттик за развој на Алцхајмерова болест.

Сето горенаведено е забележано почесто кај машката
популација, а поретко кај жените. Се покажа дека овие состојби се поврзани со
промени во мозокот на пациентите цели 15 години пред да се појават најраните
симптоми на Алцхајмерова болест.

Во исто време, треба да се забележи дека висцералните масти
можат да се изгубат и добро реагираат на промените во исхраната, како и на физичката
активност, изјави еден од авторите на студијата, д-р Сајрус Раџи, вонреден
професор по радиологија на Медицинскиот факултет на Универзитетот Вашингтон во
Сент Луис. 

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Осомничен полициски службеник – го оштетил државниот буџет

05/08/2026
Македонија

Државата издаде државни обврзници во износ од 41 милион евра;

05/08/2026
Македонија

Туристка пронајдена почината во хотел во Охрид

05/08/2026
Македонија

Тешка сообраќајка пред Битола, верижен судир на 4 возила, 8

05/08/2026
Македонија

Ниските водостои во Европа не ја загрозуваат македонската струја, акумулациите

05/08/2026
Македонија

Критичните минерали стануваат прашање на безбедност – дали Македонија ќе

05/08/2026
Македонија

Силен раст на продажбата на новоградби, Аеродром предничи со најмногу

05/08/2026
Македонија

МАКЕДОНИЈА ПОД ПОРТОКАЛОВ АЛАРМ: Топлотниот бран ја зафати целата земја,

05/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44863
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Осомничен полициски службеник – го оштетил државниот буџет

05/08/2026

Јавен обвинител од Специјализираното одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската

Државата издаде државни обврзници во износ од 41 милион евра; тргувањето започна на Македонска берза

05/08/2026

Три емисии државни обврзници во вкупен износ од 41 милион евра од денес котираат на Македонска берза, со што државата

Туристка пронајдена почината во хотел во Охрид

05/08/2026

Утрово во 07:45 часот во СВР Охрид е пријавено дека во хотел во Охрид била пронајдена почината И.Т.(53) од Република

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy