
„Наставниците не умеат да ја решат оваа задача, Вања“: Училиштето се простува од својата ученичка
Општинскоto основно училиште „Ј. Х. Песталоци“ – Скопје преку својот Фејсбук профил се простува од својата ученичка Вања.
Тие во потресен пост на социјалната мрежа велат дека наставниците не умеат да ја решат оваа задача.
„Наставниците не умеат да ја решат оваа задача, Вања. Прости ни, не можеме, не знаеме како да се поздравиме… Нека ти биде светол патот кон вечноста! Твојата насмевка и искрена душа засекогаш ќе останат во нашите срца. Со неизмерна болка и љубов, твоите наставници и соученици, најмила Вања!“, напишаа од училиштето.