Skip to content
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Наставничка од Кавадарци фотографирала приватни пораки на социјална мрежа на колешка, а потоа и ги препраќала на директорката
Македонија

Наставничка од Кавадарци фотографирала приватни пораки на социјална мрежа на колешка, а потоа и ги препраќала на директорката

01/11/2025 1 min read

AA

ОВР Кавадарци, до ОЈО Кавадарци, поднесе кривична пријава против В.Т.(47) и М.Т.(52), двете од Кавадарци, поради постоење основи за сомнение за сторени кривични дела „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“ по член 251 и „злоупотреба на лични податоци“ по член 149 од Кривичниот законик.

Имено, В.Т., вработена како наставник во училиште во Кавадарци, прво на 04.09.2025, во една од училниците, на службен лап топ компјутер го затекнала отворен приватниот профил на социјална мрежа на една колешка и неовластено фотографирала приватни разговори, со цел да ги пренесе на М.Т., директорка на училиштето.

Исто така, В.Т. успеала да ја пронајде и лозинката од профилот на оштетената, по што на 05.09.2025 и 07.09.2025, повторно неовластено фотографирала лични пораки и ги дала на М.Т., која пак ги праќала на други колеги.

На 19.09.2025, на наставнички совет што се одржал во училиштето, откако оштетената укажала дека непознато лице фотографирало нејзини приватни разговори кои се пратени до други лица, М.Т. и се заканила дека доколку пријави, сите пораки што ги поседува ќе ги испратела до други колеги.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни
Македонија

Има сообраќајка: Во прекин сообраќајот на регионалниот пат Струмица –

01/11/2025
Македонија

Битолчанка повредена од воздушна пушка на нива!

01/11/2025
Македонија

Малолетници организирале огномет на плоштад во Охрид, полицијата ги викна

01/11/2025
Македонија

Тетовчанец измамен за 250 евра: Ги дал парите за да

01/11/2025
Македонија

Малолетничка истепана со тврд предмет од други малолетнички во Аеродром

01/11/2025
Категории
  • Економија 7905
  • Македонија 37163
  • Регион 3997
  • Свет 14
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС
Македонија

Има сообраќајка: Во прекин сообраќајот на регионалниот пат

01/11/2025

АМСМ информира дека на 01.11.2025 година од 14:46 часот, на магистралниот пат Струмица – Радовиш, сообраќајот е во прекин и

Македонија

Битолчанка повредена од воздушна пушка на нива!

01/11/2025

На 30.10.2025 во 15:30 часот во СВР Битола, од Клиничка болница Битола е пријавено дека кај нив со повреда најверојатно

Македонија

Малолетници организирале огномет на плоштад во Охрид, полицијата

01/11/2025

На 31.10.2025 во СВР Охрид, во присуство на нивните родители и правен застапник,  извршени се службени разговори со двајца малолетници од

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy