Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 „НАПРАВИЛЕ БУЏЕТ ЗА ШЕСТ МЕСЕЦИ КАКО ДА ЗНАЕЛЕ ДЕКА НЕМА ДА БИДАТ ПОВЕЌЕ ВЛАДА“: Мицкоски загрижен, вели состојбата со Буџетот е алармантна
Економија

„НАПРАВИЛЕ БУЏЕТ ЗА ШЕСТ МЕСЕЦИ КАКО ДА ЗНАЕЛЕ ДЕКА НЕМА ДА БИДАТ ПОВЕЌЕ ВЛАДА“: Мицкоски загрижен, вели состојбата со Буџетот е алармантна

16/07/2024

AA

Премиерот Христијан Мицкоски вели дека состојбата со Буџетот е алармантна и дека недостигаат пари за што истражните органи ќе имаат многу работа во следниот период. Пари за ветеното зголемување на пензиите, вели дека ќе има. 

Во централниот дневник на телевизија „Сител“, Мицкоски рече дека за „Национални шуми“ каде вработените немаат земено плата четири месеци, потребни се од 250 до 300 милиони денари, за „Водовод“ од 60 до 100 милиони денари, а недостигаат и три милијарди и 700 илјади денари за земјоделците. 

– Направиле Буџет за шест месеци како да знаеле дека нема да бидат повеќе Влада па се труделе што повеќе проблеми да и остават на новата Влада така што милијарди и милијарди денари останале непокриени. Има законски обврски кои морале да ги направат, не ги предвиделе во Буџетот и.т.н. но мислам дека периодот што следи истражните органи ќе имаат многу работа, рече Мицкоски. 

Милијарда и 200 илјади денари, според Мицкоски, треба да се платат и по основ на казни поради тоа што некои од министрите ги прераспределувале вработените во институциите надвор од законот.

Во однос на изградбата на автопатските делници за што претходната влада потпиша договор со „Бехтел и Енка“, Мицкоски рече дека реализацијата е околу четири до пет милијарди и дека не се решени имотно-правните односи иако државата се обврзала дека тоа ќе го заврши до средината на минатата година. 

– Државата презела обврска дека ќе треба да го отвори теренот за работа за компанијата изведувач до средината на минатата година. Од средината на минатата година до сега тоа што треба ние како пенали да го платиме кон изведувачот, доколку одлучи да го фактурира, е околу 36 милиони евра односно три милиони евра месечно треба да плаќаме, рече Мицкоски. 

За заемот од 500 милиони евра од Унгарија, Мицкоски рече дека тоа била најдобрата понуда во моментот и дека отворени се за разговор со секоја финансиска институција која ќе даде подобри услови. Смета дека со заемот од Унгарија не би требало да се нарушат односите со меѓународните финансиски институции. 

– Жалам што опозицијата не најде за сходно да го пофали потегот и да честита. Тоа што го гледав повеќе личеше на трагична комедија. Тоа е подеднакво трагично како што велат овие инвестции што Мицкоски ги најавува, ние ги работевме, ама не успеавме да ги срабтиме, па мораше да дојде Мицкоски со неговите соработници да ги сработи. Парите немаат боја, ниту национална припадност. Нека ни дадат други држави подобри услови, ќе ги земеме од таму, рече Мицкоски. 

За платите на функционерите кои со одлука на Уставниот суд беа зголемени за 78 проценти, Мицкоски рече дека  проблемот треба да се реши системски. 

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ПЕТМИНА ЛЕКАРИ ОД БИТОЛА ЌЕ ОДГОВАРААТ ЗА СМРТТА НА ПАЦИЕНТКА

01/10/2026
Македонија

СОНЦЕ, СЕВЕРЕН ВЕТЕР И СТУДЕНИ УТРА Живата во термометрите до

30/09/2026
Македонија

СОНЦЕ, СЕВЕРЕН ВЕТЕР И СТУДЕНИ УТРИНА Живата во термометрите до

30/09/2026
Македонија

150 МИЛИОНИ ЕВРА ОД ЕУ ЗА ЖЕЛЕЗНИЦАТА КОН БУГАРИЈА Николоски

30/09/2026
Македонија

МАКЕДОНИЈА ПРЕДНИЧИ ВО ЕВРОПСКИТЕ РЕФОРМИ Левков вели дека актуелниот парламентарен

30/09/2026
Македонија

ВОДОВОДНАТА МРЕЖА ВО БИТОЛА ВЛЕГУВА ВО НОВА ФАЗА Се реконструира

30/09/2026
Македонија

ГОЛЕМА ПОЛИЦИСКА АКЦИЈА НИЗ ДРЖАВАТА Се сузбива трговија со дрога,

30/09/2026
Македонија

СУДИИТЕ ЗИМБОВСКА И ГЕРАСИМОВСКИ ВО ТРКА ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА АПЕЛАЦИЈА

30/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45904
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ПЕТМИНА ЛЕКАРИ ОД БИТОЛА ЌЕ ОДГОВАРААТ ЗА СМРТТА НА ПАЦИЕНТКА СО ТРОМБОЗА Не ѝ ја

01/10/2026

Битолското обвинителство поднесе обвинение против петмина лекари поради несовесно лекување што резултирало со смртен исход на пациентка. Врз основа на

СОНЦЕ, СЕВЕРЕН ВЕТЕР И СТУДЕНИ УТРА Живата во термометрите до 26 степени во Гевгелија

30/09/2026

Утринските часови ќе бидат ведри и постудени, а во текот на денот времето ќе биде сончево. Ќе дува слаб до

СОНЦЕ, СЕВЕРЕН ВЕТЕР И СТУДЕНИ УТРИНА Живата во термометрите до 26 степени во Гевгелија

30/09/2026

Утринските часови ќе бидат ведри и постудени, а во текот на денот времето ќе биде сончево. Ќе дува слаб до

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy