Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 „Наместо пет и повеќе минути за вагање и внес на податоци, камионите ќе се задржуваат само една минута“: Царинска управа со новина
Економија

„Наместо пет и повеќе минути за вагање и внес на податоци, камионите ќе се задржуваат само една минута“: Царинска управа со новина

23/08/2024

AA

Се интензивираат активностите за отпочнување на Проектот за автоматизација на терминалите на граничните премини и реконструкција на граничен премин Делчево со грант од ЕУ во висина од 4,2 милиони евра. Во првата фаза ќе се работи на автоматизација на терминалите и поврзување со новиот систем за видео надзор, информираат од Царинската управа (ЦУ). 

Ова, како што велат, вклучува целосна замена на постоечките ваги со нови дигитални ваги, како и замена на постоечките рампи со нови автоматизирани рампи.

Во рамки на Царинската управа, додаваат, на највисоко ниво беа презентирани во детали функциите на системот, но и надлежностите на вработените во однос на нивната одговорност. 

– Доколку до сега еден камион на влез на граничен царински терминал за вагање се задржуваше и повеќе од пет минути за да се измери и рачно да се внесат податоците, со имплементација на проектот се очекува истиот на вагање да се задржи една минута. Со ова значително ќе се забрза транспортот и ќе се олесни трговијата, особено на најфреквентните гранични царински терминали каде се вагаат и до 500 камиони дневно, беше истакнато при презентација на поволностите на системот – посочуваат од ЦУ. 

Системот, како што нагласуваат, во иднина ќе се поврзе и со останатите системи на Царинската управа што дополнително ќе влијае на олеснување и забрзување на царинските формалности, а разговарано е податоците од истиот да може да ги гледа и МВР, се со цел заедничко делување во борбата со криминалот и корупцијата. 

Фото: МИА

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ЌЕ СЕ ВОВЕДАТ ЛИ ЕЛЕКТРОНСКИ АЛКИ ПРИ КУЌЕН ПРИТВОР И

16/10/2026
Македонија

„ОД НАВРЕДИТЕ НА ФИЛИПЧЕ ГЛЕДАМЕ ДЕКА ГО ЗАГУБИЛ РАЗУМОТ“ Утре

16/10/2026
Македонија

УТРИНСКИ МРАЗ НА ПОВИСОКИТЕ МЕСТА Сончеви есенски денови со облаци

16/10/2026
Македонија

ЗА СИЛНА БРВЕНИЦА, ДОСТАПНА ЗА СИТЕ Мицкоски ги повика жителите

16/10/2026
Македонија

🎥 ЖЕНА ТЕПА СО ТУПАНИЦИ ПОСТАРА ЖЕНА КОЈА СТОИ СО

16/10/2026
Македонија

МИНИСТЕРОТ ЌЕ СЕ ВАКЦИНИРА КАКО ПАЦИЕНТ ОД РИЗИЧНА ГРУПА Клековски

16/10/2026
Македонија

ВЕЌЕ НЕ ТРЕБА ДА СЕ ПАТУВА ДО СКОПЈЕ ЗА ДА

16/10/2026
Македонија

АРМИЈАТА НАСКОРО ДOБИВА ДВА ТРАНСПОРТНИ ХЕЛИКОПТЕРА, А ПОТОА УШТЕ ШЕСТ

16/10/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 46213
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ЌЕ СЕ ВОВЕДАТ ЛИ ЕЛЕКТРОНСКИ АЛКИ ПРИ КУЌЕН ПРИТВОР И КУЌЕН ЗАТВОР? Јанев и Пандов

16/10/2026

Актуелните состојби во казнено-поправните установи, со посебен акцент на КПУ „Идризово“ и КПУ „Скопје“ се дел од темите на кои

„ОД НАВРЕДИТЕ НА ФИЛИПЧЕ ГЛЕДАМЕ ДЕКА ГО ЗАГУБИЛ РАЗУМОТ“ Утре може да ги продаде и

16/10/2026

Навредите кои Венко Филипче ги упатил синоќа од Брвеница укажуваат дека станува збор за личност која го загубила разумот, која

УТРИНСКИ МРАЗ НА ПОВИСОКИТЕ МЕСТА Сончеви есенски денови со облаци и со ветер

16/10/2026

Времето утре ќе биде сончево со умерена локална облачност, најави Управата за хидрометеоролошки работи. Ќе дува слаб до умерен ветер

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy