Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 „Наместо пет и повеќе минути за вагање и внес на податоци, камионите ќе се задржуваат само една минута“: Царинска управа со новина
Економија

„Наместо пет и повеќе минути за вагање и внес на податоци, камионите ќе се задржуваат само една минута“: Царинска управа со новина

23/08/2024

AA

Се интензивираат активностите за отпочнување на Проектот за автоматизација на терминалите на граничните премини и реконструкција на граничен премин Делчево со грант од ЕУ во висина од 4,2 милиони евра. Во првата фаза ќе се работи на автоматизација на терминалите и поврзување со новиот систем за видео надзор, информираат од Царинската управа (ЦУ). 

Ова, како што велат, вклучува целосна замена на постоечките ваги со нови дигитални ваги, како и замена на постоечките рампи со нови автоматизирани рампи.

Во рамки на Царинската управа, додаваат, на највисоко ниво беа презентирани во детали функциите на системот, но и надлежностите на вработените во однос на нивната одговорност. 

– Доколку до сега еден камион на влез на граничен царински терминал за вагање се задржуваше и повеќе од пет минути за да се измери и рачно да се внесат податоците, со имплементација на проектот се очекува истиот на вагање да се задржи една минута. Со ова значително ќе се забрза транспортот и ќе се олесни трговијата, особено на најфреквентните гранични царински терминали каде се вагаат и до 500 камиони дневно, беше истакнато при презентација на поволностите на системот – посочуваат од ЦУ. 

Системот, како што нагласуваат, во иднина ќе се поврзе и со останатите системи на Царинската управа што дополнително ќе влијае на олеснување и забрзување на царинските формалности, а разговарано е податоците од истиот да може да ги гледа и МВР, се со цел заедничко делување во борбата со криминалот и корупцијата. 

Фото: МИА

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

🎥 ЧЛЕНСТВОТО ВО ЕУ ЗА НАС НЕ Е МИЛОСТ, ТУКУ

15/02/2026
Македонија

ВО 2020 ГОДИНА ВЛАДАТА НА СДСМ Ѝ ДАЛА ОДОБРЕНИЕ НА

15/02/2026
Македонија

СО КОЊСКА КОЛА ВЛЕГЛЕ ВО ФАБРИКА ВО ЃОРЧЕ ПЕТРОВ Наместо

15/02/2026
Македонија

„МАКЕДОНИЈА Е ГЛАС НА РАЗУМОТ“: Мицкоски со Зеленски во Минхен

15/02/2026
Македонија

„Мобилизација во Сарај“: Првиот вицепремиер Сали и директорот Али на

15/02/2026
Македонија

„МЕРЦЕДЕСОТ“ ВРЕДИ МИЛИОН, А УВЕЗЕН ЗА 650.000 ЕВРА: Кој е

15/02/2026
Македонија

Македонија не сака да ги чепка штедачите – данокот на

15/02/2026
Македонија

🎥 ЕВАКУИРАНИ 180 ЛУЃЕ ВО КИЧЕВСКО Мајка со две деца

15/02/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 41496
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

🎥 ЧЛЕНСТВОТО ВО ЕУ ЗА НАС НЕ Е МИЛОСТ, ТУКУ Е ОДАМНА ЗАСЛУЖЕНО Порака на

15/02/2026

За нас членството во Европската Унија не е милост, туку нешто што одамна го заслуживме, изјави премиерот Христијан Мицкоски во

ВО 2020 ГОДИНА ВЛАДАТА НА СДСМ Ѝ ДАЛА ОДОБРЕНИЕ НА ФИРМАТА ОД КОЈА БЕА ЗАПЛЕНЕТИ

15/02/2026

Фирмата „ЦБД Медплант“ ДОО од селото Борисово на Тони Котев, на која ѝ беа запленети 30 тони дрога, во 2020

СО КОЊСКА КОЛА ВЛЕГЛЕ ВО ФАБРИКА ВО ЃОРЧЕ ПЕТРОВ Наместо да избегаат, ги нападнале чуварите

15/02/2026

Три лица со коњска кола влегле во круг на фабрика во Ѓорче Петров, а откако биле забележани и предупредени од

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy