Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Наместо една минута молк за настраданите во Кочани, навивачите на Шкендија урлаа „УЧК“ – ФФМ ги казни!
Македонија

Наместо една минута молк за настраданите во Кочани, навивачите на Шкендија урлаа „УЧК“ – ФФМ ги казни!

05/04/2025

AA

Дисциплинската комисија во рамки на ФФМ донесе одлука ФК Шкендија да биде казнета со играње на следните пет домашни натпревари без присуство на публика. 

Одлуката е донесена поради недолично однесување на навивачите и непочитување на минута молк во рамки на натпреварот ФК Шкендија – ФК Брера од 25. коло во Прва МФЛ. 

Дополнително, клубот ФК Шкендија е санкциониран со парична казна во износ од 5.000 евра поради лоша организација на натпреварот.

Тетовскиот клуб веднаш се огради од несовесните навивачи и потенцираше дека останатите во клубот ја испочитувале минутата молк.

„Шкендија со целосна одговорност ги следи и ги почитува сите институционални одлуки поврзани со чувствителни моменти за општеството. Ние како клуб длабоко ја доживеавме трагедијата која се случи во Кочани, настан кој го потресе целиот народ емотивно се одрази и во нашето секојдневие. Оваа голема трагедија беше присутна на секој наш тренинг во изминатите денови и се рефлектираше и на мечот против Брера каде што и покрај победата од 2-1 и зачувувањето на првото место на табелата, тимот не прослави на вообичаен начин.

Шкендија ја испочитува минутата молк која беше определена од Фудбалската федерација на Македонија во чест на жртвите. Сепак, за време на овој момент, група на поединци од трибините не ја почитуваа тишината, однесување кое не го претставува ниту клубот ниту навивачката група во целост. „Балистите“ кои вообичаено се позиционирани на трибината „Маршин Беќири“ зад голот, овојпат беа сместени на централната трибина. На мечот присуствуваа околу 3.000-4.000 гледачи, а само група од околу 20 поединци покажаа неодговорно однесување кое не ги одразува чувствата, солидарноста и почитта на поголемиот број од присутните навивачи.

„Балистите“ се нашиот 12. играч и отсекогаш биле нераскинлив дел од Шкендија, но ова неодговорно однесување од мала група на поединци не го претставува ставот на навивачката група која во овој момент е во процес на реорганицација, ниту на останатите членови кои во тој момент реагираа со свирежи како знак на незадоволство кон тие што пееја.

Шкендија изразува жалење за оваа ситуација и повторно го истакнува својот цврст став на почит кон загубените животи и болката низ која поминува целото општество“, велат во соопштение од Шкендија.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ЗА СИЛНА БРВЕНИЦА, ДОСТАПНА ЗА СИТЕ Мицкоски ги повика жителите

16/10/2026
Македонија

🎥 ЖЕНА ТЕПА СО ТУПАНИЦИ ПОСТАРА ЖЕНА КОЈА СТОИ СО

16/10/2026
Македонија

МИНИСТЕРОТ ЌЕ СЕ ВАКЦИНИРА КАКО ПАЦИЕНТ ОД РИЗИЧНА ГРУПА Клековски

16/10/2026
Македонија

ВЕЌЕ НЕ ТРЕБА ДА СЕ ПАТУВА ДО СКОПЈЕ ЗА ДА

16/10/2026
Македонија

АРМИЈАТА НАСКОРО ДOБИВА ДВА ТРАНСПОРТНИ ХЕЛИКОПТЕРА, А ПОТОА УШТЕ ШЕСТ

16/10/2026
Македонија

НА КОСТАДИНОВ МУ СТЕГНАА ПЕТТА КРИВИЧНА ПРИЈАВА Го гонат за

16/10/2026
Македонија

ТЕПАЛЕ ДЕТЕ ВО УЧИЛИШЕН ДВОР, СНИМАЛЕ СО ТЕЛЕФОН Снимката од

16/10/2026
Македонија

БРВЕНИЦА В НЕДЕЛА ИЗБИРА ГРАДОНАЧАЛНИК Шестмина кандидати за лидер на

16/10/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 46210
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ЗА СИЛНА БРВЕНИЦА, ДОСТАПНА ЗА СИТЕ Мицкоски ги повика жителите на општината да гласаат за

16/10/2026

Локалните избори во Брвеница се порака за тоа каква држава сакаме, онаа каква нуди СДСМ, полна со навреди и со

🎥 ЖЕНА ТЕПА СО ТУПАНИЦИ ПОСТАРА ЖЕНА КОЈА СТОИ СО ВОЗИЛОТО Тепачка среде раскрсница во

16/10/2026

Вчера на улицата Теодосиј Гологанов во Скопје се случил инцидент во кој жена физички нападнала друга, повозрасна жена која со

МИНИСТЕРОТ ЌЕ СЕ ВАКЦИНИРА КАКО ПАЦИЕНТ ОД РИЗИЧНА ГРУПА Клековски ја најави вакцинацијата против грип

16/10/2026

Се очекува во среда (21 октомври) да почне вакцинацијата против сезонски грип, најави министерот за здравство, Сашо Клековски. Тој рече

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy