Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 „НАМАЛУВАЊЕТО Е НАД 1.000 ДЕНАРИ, МОЖЕБИ И НАД 1.500“: Ристески објави дека се финализира просечна потрошувачка кошничка
Економија

„НАМАЛУВАЊЕТО Е НАД 1.000 ДЕНАРИ, МОЖЕБИ И НАД 1.500“: Ристески објави дека се финализира просечна потрошувачка кошничка

10/04/2025

AA

Просечна потрошувачка кошничка е готова, се финализираат уште некои работи. Во неа сигурно нема да има цигари и алкохол и сезонско овошје кое не е карактеристично за периодот од годината, ќе биде квалитетно направена со квалитети податоци. 

Ова го посочи вечерва заменик министерот за економија и труд Марјан Ристески во телевизиско гостување. Според Ристески, кошницата нема да биде за политиканство, туку за понатамошните политики за заштита на животниот стандард на граѓаните.

– Во нејзината изработка беа вклучени министерствата за економија и труд, за земјоделство, за финансии, Државниот пазарен инспекторат и Комисијата за заштита на конкуренција со цел да добиеме поквалитетна просечна синдикална кошничка. Просечната синдикална кошница нема да биде ниту за политика и политикантсво, ниту за јавното мнение кај граѓаните односно како да кажам одредени грешни параметри кои би се кажувале во јавноста, но нам ни треба како Министерство за економија и труд за понатамошните политики кои би ги правеле во однос на заштита на животниот стандард на граѓаните. 

Не ја пресметуваме за четиричлено македонско просечно семејство, според Државниот завод за статистика е 3.06 или 3.08, тричлено семејство и земени се податоци за основни прехранбени земјоделски производи и се што е потребно и вклучено во одржување на животноот стандард на граѓаните и реално пресметување на тие реални потреби кои произлегуават во секојдневното живеење – рече Ристески во емисијата Топ тема на ТВ Телма.

Тој информираше дека во формулата за кошницата земени се модалитетите од Државниот завод за статистика и Државниот пазарен инспекторат од повеќе маркети во државава со највисоки, средни и најниски цени, а ќе бидат земени цени и од зелените пазари и локални маркети во регионите. Наспроти тоа, според него, синдикатите ја пресметувале минималната синдикална кошница само од цени на еден маркет, а последната кошничка не ја објавиле „не како што образложиле поради актуелната ситуација со трагедијата во Кочани, туку поради многу подруги причини“.

– Од она што го имаме како информација, неформална, сигурно е над 1.000 денари намалувањето, можеби и повеќе 1.500, 1.600 денари. Не можам да кажам, 1.500, 1.600 денари за некој е многу, за некој малку, но ние не се базираме на нивната синдикална кошница. Тие и понатака нека си ја прават, не е релевантен фактор таа, тие се синдикално движење, нивната цел е да прикажуваат повисока кошница со цел да ја оправдаат борбата и политиката. Тоа е легитимно право, нашата ќе биде реална – рече Ристески.

Тој оцени и дека има ефект од антикризните мерки што завршуваат на крајот на месецов и истакна дека е намалена инфлацијата, направени се законски измени во делот на прекршочната постапка со кои Државниот пазарен инспекторат изрекол 500 до 600 казни. Посочи и дека се применува Законот за забрана на нефер трговски практики. 

Во однос на исходот од денешната средба со синдикатите, најави дека најдоцна за една недела ќе биде утврдена синдикалната репрезентативност, ќе почне да работи Економско-социјалниот совет и ќе има ревидирање на членови на Општиот колективен договор (ОКД) за јавниот сектор.

– Ние сакаме да направиме еден општ консензус со синдикатите и тие рекоа дајте ни време да размислиме, па така, овие денови очекуваме дали ќе има ревидирање во одредени членови за разлика од она општо размислување дека со потпишувањето на општ колективен договор би се средиле одредени плати, пред се, во јавната администрација, рече Ристески.

Со ревидирање на ОКД и со Законот за плати во јавна администрација што се подготвува, појасни дека треба да се добијат квалитетни и конкретни решенија за нивелирање на платите за да не се прави неправда кон вработени во јавната администрација и исплата на помали плати за 30 проценти.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Скопјанец си ја пријави сопругата во полиција, фрлила кон него

12/07/2026
Македонија

Шест лица уапсени, вкупно девет пријави за семејно насилство во

12/07/2026
Македонија

Нов голем дефект кај Охис остави без вода седум населби!

12/07/2026
Македонија

МВР ја избриша објавата со слика генерирана од ВИ за

12/07/2026
Македонија

Уапсени 22 возачи за „безобѕирно управување возило“, 13 возеле без

12/07/2026
Македонија

Авион на „Виз Ер“ пренасочен кон Приштина поради силното невреме

12/07/2026
Македонија

СИЛНО НЕВРЕМЕ ВО СКОПЈЕ: Пороен дожд и грмежи!

12/07/2026
Македонија

Уапсен малолетник од скопски Сарај, со остар предмет му нанел

12/07/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44336
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Скопјанец си ја пријави сопругата во полиција, фрлила кон него остар предмет и го повредила!

12/07/2026

На 11.07.2026 во 09:30 часот во СВР Скопје 40-годишен маж пријави дека во домот на подрачјето на општина Аеродром неговата

Шест лица уапсени, вкупно девет пријави за семејно насилство во изминатото деноноќие

12/07/2026

На 12.07.2026 во 02:45 часот во село во кавадаречко, полициски службеници од ОВР Кавадарци ја лишија од слобода М.К.(37) од

Нов голем дефект кај Охис остави без вода седум населби!

12/07/2026

Жителите на неколку скопски населби и приградски општини вечерва се соочуваат со сериозен прекин во водоснабдувањето. Како што соопштија од

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy