Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 НАФТА, АВТОМОБИЛИ, ДОМАТИ, ПА ДУРИ И АВОКАДО: Ова е листата со производи на кои Трамп ќе воведе нови тарифи за Мексико и Канада
Економија

НАФТА, АВТОМОБИЛИ, ДОМАТИ, ПА ДУРИ И АВОКАДО: Ова е листата со производи на кои Трамп ќе воведе нови тарифи за Мексико и Канада

04/02/2025

AA

Тарифите
објавени од американскиот претседател Доналд Трамп за Канада и Мексико, а потоа
одложени за еден месец, може да предизвикаат потресување на синџирите на
снабдување за низа производи, од автомобили до авокадо, при што индустриите очекуваат
зголемување на трошоците.

Увозот на САД од двете земји изнесуваше речиси 900 милијарди
долари во 2023 година, а патиштата за снабдување меѓу трите земји поврзани со
трговскиот договор се цврсто интегрирани. Новите тарифи може да предизвикаат
компликации за компаниите кои работат во една или повеќе земји.

Аналитичарите очекуваат тарифите од 25 отсто за Канада и
Мексико силно да го погодат автомобилскиот и електронскиот сектор.

Иако беше воведена пониска царина од 10 отсто за канадскиот
извоз на енергија, таа сепак е зголемување бидејќи САД досега немаа царини за
увоз на канадска нафта.

Мексико и Канада, исто така, заземаат значителен дел од
американскиот увоз на земјоделски производи, што значи дека тарифите би можеле
да ги зголемат цените на популарната храна како авокадо и домати.

Канада: енергија,
автомобили

Најавените американски царини за канадскиот извоз во САД се
одложени за најмалку триесет дена, објави во понеделникот канадскиот премиер
Џастин Трудо, најавувајќи мерки кои требаше да стапат на сила следниот ден.

Речиси 80 отсто од извозот на стока на Канада, во вредност
од речиси 410 милијарди долари, оди во Соединетите држави, според статистиката
на Канада.

Царините тешко ќе ги погодат канадските автомобилски и
енергетски сектори, имајќи предвид дека тие претставуваат повеќе од 40 отсто од
канадскиот извоз во САД.

Извозот на енергија главно се однесува на сурова нафта и
битумен, како и природен гас.

Автомобилскиот сектор во Онтарио, најнаселената провинција
во Канада, се соочува со посебни предизвици. Тоа е затоа што „различни делови ја минуваат границата неколку пати
пред да завршат во готовиот производ“, објасни Роберт Кавчиќ од Банката на
Монтреал.

САД увезува градежни материјали и од Канада, што значи дека
царините би можеле да ја зголемат цената на станоградбата. Повеќе од 70 проценти
од увозот на двата клучни материјали што им се потребни на градежниците –
дрвена граѓа и гипс – доаѓа од Канада и Мексико, изјави претседателот на
Националното здружение на градежници, Карл Харис.

„Тарифите за дрвена
граѓа и други градежни материјали ги зголемуваат трошоците за изградба и
ги обесхрабруваат новите градежни проекти“, рече тој.

Мексико: автомобили,
електроника

Американскиот претседател Доналд Трамп во понеделникот на својата
социјална мрежа „SocialTruth“ потврди дека стапува на сила едномесечната
„пауза“ на воведувањето царини од 25 отсто за Мексико, кои требаше да започнат
во вторник.

Тој рече дека имал „многу срдечен разговор со
(мексиканската) претседателка Клаудија Шеинбаум“ и нагласи дека преговорите ќе
се одржат во текот на едномесечната пауза за да се најде договор со Мексико.

Според Националниот институт за статистика, мексиканскиот
извоз во Соединетите држави изнесува 84 отсто од стоките што ги продале на
светот минатата година. Вредноста е
повеќе од 510 милијарди американски долари.

Автомобилскиот сектор, возилата и деловите, како и секторите
за производство на електроника и машини, најверојатно ќе бидат најтешко
погодени од царините. Овие сектори продаваат речиси половина од своето
производство во САД, велат аналитичарите на Capital Economics.

Тарифата од 25 проценти ќе го погоди и прехранбениот сектор.
Во 2023 година, Мексико обезбеди 63 отсто од увозот на зеленчук во САД и речиси
половина од увозот на овошје и јаткасти плодови, според американското
Министерство за земјоделство.

Повеќе од 80 отсто од американските авокадо доаѓаат од
Мексико, што значи дека повисоките увозни цени може да ги зголемат цените на
производите како намазот од авокадо.

ФОТО: EPA-EFE/CAROLINE BREHMAN

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Авионско прскање против ларви од комарци во Скопје во сабота

02/09/2026
Македонија

Австралија со предупредување за патување во Македонија поради Западнонилската треска

02/09/2026
Македонија

Запленети 4.000 метри мрежи и 117 килограми риба од Охридското

02/09/2026
Македонија

Поскапеа меѓуградските автобуски билети

02/09/2026
Македонија

ВИДЕО Хозе Карерас ја пееше „Едно име имаме“ со македонските

01/09/2026
Македонија

ПОЖАРОТ КАЈ ШТИПСКО СЕЛЦЕ ПОД КОНТРОЛА: Ветерот ги загрози викендиците,

01/09/2026
Македонија

ОЈО Скопје бара притвор за 19-годишник: Со нож избодел дете

01/09/2026
Македонија

Кој ќе одговара за хаосот во Маџир Маало? Две бомби

01/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45389
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Авионско прскање против ларви од комарци во Скопје во сабота

02/09/2026

Жителите на Скопје во сабота, 5 септември, треба да очекуваат авионска дезинсекција против ларви од комарци, информираат од Град Скопје.

Австралија со предупредување за патување во Македонија поради Западнонилската треска

02/09/2026

Австралија ги предупредува своите граѓани кои планираат патување во Македонија да преземат дополнителни мерки за заштита од комарци поради регистрираните

Запленети 4.000 метри мрежи и 117 килограми риба од Охридското Езеро

02/09/2026

На 01.09.2026, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Охридско езеро во водите на Охридското езеро извршија акциски контроли

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy