Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 НАД ТРИ ИЛЈАДИ КОМПАНИИ ЗГАСНАА ВО 2021 ГОДИНА, дали ланската ќе биде уште полоша?
Економија

НАД ТРИ ИЛЈАДИ КОМПАНИИ ЗГАСНАА ВО 2021 ГОДИНА, дали ланската ќе биде уште полоша?

28/03/2023

AA

Во текот на 2021 година во нашата земја функционирале 70.424 компаниии, при што е забележано намалување од скоро триилјади компании.

Имено, како што покажуваат податоците на Државниот завод за статистика, бројот на активните претпријатија во Македонија, во 2021 година, изнесува 70.424.

Година претходно, односно во 2020 година во нашата земја според податоците на ДЗС бројот на активни деловни субјекти бил 73.061 компании. Притоа дури и во 2020 година има пад на бројот на компаниите во споредба со 2019 година од 3,8 проценти.

Гледано од аспект на сектори на дејност, статистиката забележала дека се најбројни фирмите во трговијата – и на големо и на мало, заедно со поправка на моторни возила и мотоцикли, со удел од 31,1 процент.

Што се однесува до бројот на вработени, со 82,5 отсто убедлива е доминацијата на малите фирми. Таму се работно ангажирани од едно до девет лица.

Потоа следат компании без вработени, кои опфаќаат 7,3 проценти од вкупниот број на компании во земјава. Овие компании важат за „човек“фирми, бидејќи нема податок колку вработени има во нив.

Претпријатијата, кои имаат од 10 до 19 вработени опфаќаат 4,6 отсто од вкупниот број компани. По нив следуваат фирмите со 20 до 49 вработени, при што биле евидентирани 3,1 процент вакви фирми.

Подтоците на ДЗС покажуваат дека во 2021 година претпријатија кои влегуваат во категорија големи и кои опфаќаат од 50 до 250 лица во земајва има само 2,1 отсто од вкупниот број претпријатија.

Најголемите компании се најмалку на број, и фирмите кои имаат над 250 вработени бројот само 0,3 проценти од вкупниот број на компании во земјва.

Бизнисменот Мендерес Кучи, поранешен прв човек на Стопнанската комора на Севернозападна Македонија, за Фактор посочува дека отворањето, но и затворањето на фирмите зависи од перспективите на земјата. 

– Ако граѓаните гледаат перспектива во земјава, се одлучуваат да инвестираат. За жал имаме многу компании кои се отвораат, и немаат никакви активности, и по одреден период службено се затвораат. Не се знае ниту целта на овие компании.

Се зависи од мотивтот, дали некој има интерес да инвестира, дали тоа го прави од немање избор. Чести се граѓаните, повозрасни, кои не можат веќе да заминат во странство и кои отвораат некаква компанија, колонијал, колку да имаат работа, но често и тие се затвораат.

Нестабилноста е фактор број еден кој влијае врз одлуките за отворање на компании. Има малку кои би одлучиле да ја користат нестабилноста, тоа се една, две, можеби и три компании, но поголем дел од граѓаните сакаат стабилност, сакаат перспектива и затоа ретко кој вложува. Нестабилноста води и кон затворање на компаниите и недостиг на инвестиции – укажува Кучи.

Тој додава дека врз падот на бројката на компании во нашата земја имаат дополнителен уддел и турбуленциите во светот, кои се особено карактеристични изминативе две години, поточмно постпандемијата. Вели дека сите кризи кои се надоврзаа една на друга придонесоа кон затворање на фирми, поади што вели дека турбуленциите карактеристични за минатата 2022 година, може да биде причина уште повеќе фирми да згаснат.

– Проблем е што функционерите, па и опозицијата, најмногу се грижат за гласачкото тело, наместо за средување на законите. Недостигот на сериозна опозиција дополнитлено ги влошува сотојбите, и сето тоа резултира со слаба економска активност – потенцира Кучи.

Петранка Огнаноска

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ЦИКЛОНОТ ОД ЏЕНОВА ЌЕ ДОНЕСЕ ПРОМЕНЛИВО ВРЕМЕ По празниците нè

12/04/2026
Македонија

МЕРКАТА ЗА САМОВРАБОТУВАЊЕ ВО ПОДЕМ КАЈ МЛАДИТЕ Речиси 1.900 бизниси

12/04/2026
Македонија

ПУКАЛ ВО НОЌТА КОН ВОЗИЛО НА КУМАНОВЕЦ Во Кратовско приведен

12/04/2026
Македонија

Уапсено уште едно лице откако полиција пронашла повредено куче од

12/04/2026
Македонија

РАЗОТКРИЕН СЛУЧАЈ СО БОРБИ СО КУЧИЊА ВО ТЕТОВСКО Нашле куче

12/04/2026
Македонија

Малолетник со нож повредил друг малолетник пред игротека во Шуто

12/04/2026
Македонија

ПЕТАР: Случајот со Ивана и Катја е аларм за длабока

12/04/2026
Македонија

СЕМЕЈНО НАСИЛСТВО ВО ТИКВЕШИЈАТА Пријавени напади од сопруг и од

12/04/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42410
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ЦИКЛОНОТ ОД ЏЕНОВА ЌЕ ДОНЕСЕ ПРОМЕНЛИВО ВРЕМЕ По празниците нè чекаат дождови и грмотевици

12/04/2026

Во текот на новата седмица односно во периодот од 13 до 19 април 2026 територијата на Македонија ќе биде под

МЕРКАТА ЗА САМОВРАБОТУВАЊЕ ВО ПОДЕМ КАЈ МЛАДИТЕ Речиси 1.900 бизниси се отворени, вели ВРЕДИ

12/04/2026

Младите се двигател на развојот, државата ги отвора вратите на пазарот на трудот, вели коалицијата ВРЕДИ  истакнувајќи дека со  Оперативниот

ПУКАЛ ВО НОЌТА КОН ВОЗИЛО НА КУМАНОВЕЦ Во Кратовско приведен 35-годишник

12/04/2026

Маж од кратовско е лишен од слобода откако пукал со огнено оружје кон возило на лице од Куманово, при што

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy