Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 НАД 60 МИЛИЈАРДИ ЕВРА ПРИЛИВИ САМО ОД ЖИТАРИЦИ – ЕУ со голема заработка и од млекото, нашето производство и понатаму се намалува
Економија

НАД 60 МИЛИЈАРДИ ЕВРА ПРИЛИВИ САМО ОД ЖИТАРИЦИ – ЕУ со голема заработка и од млекото, нашето производство и понатаму се намалува

01/12/2023

AA

Житариците и
млекото се клучни земјоделски производи во Европската унија. Вредноста на
вкупното производство на житни култури во ЕУ достигна 64,4 милијарди евра во
2021 година, а на млекото беше 58 милијарди евра. Двата производи заедно
создаваат скоро 30 проценти од вредноста на вкупното земјоделско производство.

Ова го објави европскиот
статистичи центар „Евростат“, кои ги открија регионите кои произведуваат најголем
дел од житните култури, но и кои се најголемите производители на млеко и млечни
продукти.

Кастиља и Леон
произведуваа најголема вредност на житарици

Во Европската
унија има 10 региони кои произведоа житни култури во вредност од повеќе од 1
милијарда евра во 2021 година.

– 
Регионот
на ЕУ кој произведуваше житни култури со најголема вредност во 2021 година беше
Кастила и Леон во Шпанија, каде се произведени житарици чија вредност достигна
дури 2,3 милијарди евра. Веднаш зад нив следи регионот Centre-Val de Loire во
Франција чија вредност достигна 2,2 милијарди евра. Помеѓу другите 8 региони
кои произведоа житни култури во вредност од над 1 милијарда евра во 2021
година, уште 4 беа во Франција (Шампањ-Арден, Пеј-де-ла-Лоара, Пикарди и
Поату-Шарент), 2 во Романија (Суд-Ест и Суд – Мунтенија), еден регион во
Литванија (Vidurio ir vakaru Lietuvos regionas) и друг регион во Шпанија
(Арагон) – пишува во анализата на „Евростат“.

Дека интересот за
производство на житни култури во Европската унија е големо, се потврдува и со
фактот дека голем дел од земјоделството во унијата било ориентирано кон
производство на житни култури, дури и ако тие не беа најголемите региони за
производство на жита, појаснува „Евростат“.

Исто така се
укажува дека четири региони во унијата вредноста на производството на жита била
најмалку 40 проценти од вредноста на нивното вкупно земјоделско производство,
додека во 17 региони на ЕУ учеството на вредноста на житарките во вкупното
земјоделско производство се движеше помеѓу 30 и 40 проценти.

Јужна Ирска
произведувала најголема вредност на млеко

„Евростат“
посочува дека земјоделството во другите региони на ЕУ беше повеќе ориентирано
кон производство на млеко. Регионот што произведувал најголема вредност на
млеко во 2021 година бил јужниот дел на Ирска. Имено, таму било произведено
млеко во вреднсот од дури 2,4 милијарди евра. Потоа следува Бретања во Франција
со 2 милијарди евра вредност, па Ломбардија во Италија каде вредноста на произведеното
млеко достигнала 1,8 милијарди евра.

– 
Дополнителни
5 региони создадоа млеко во вредност од најмалку 1 милијарда евра:
Пејс-де-ла-Лоара и Долна Нормандија во Франција, Везер-Емс и Шлезвиг-Холштајн
во Германија и Галиција во Шпанија – потенцира „Евростат“.

Она што исто така
го потенцираат е дека има региони каде што млекарството и производството на
млеко беа клучниот тип на земјоделство, дури и ако тие не беа најголеми
производители. Имаше 8 региони каде што уделот на вредноста на производството
на млеко беше најмалку 40 отсто од вредноста на вкупното земјоделско
производство во 2021 година: Фризија во Холандија (47,3%), Региао Аутонома дос
Асорес во Португалија (46,0%), Франче- Comté во Франција (45,6%), јужниот
регион во Ирска (43,5%), Салцбург и Форарлберг во Австрија (по 43,5%),
Pohjoisja Ita-Suomi во Финска (42,7%) и Кантабрија во Шпанија (41,3%).

Во Македонија континуирано
се намалува домашното производство

Нашиот
статистички центар не располага со волку детални податоци за вредноста на
производството на житени култури и млеко во земјава.

Според последните
податоци на Државниот завод за статистика, во 2022 година производството на
млеко достигнало 324.290 илјади литри млеко, што е за 0,7 отсто помалку отколку
во 2021 година.

Кај житните
култури, податоци велат дека интересот се намалил во 2022 година, кога биле
засеани 158.798 хектари земја со нив, додека во 2021 година биле засеани 161.441
хектари.

П.О.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Повторно лажни СМС испратени од МВР: Никако да не се

19/08/2026
Македонија

МВР: Започна примената на системот и за странските возила на

19/08/2026
Македонија

Телевизиите во Македонија најважните спортски натпревари ќе мора да ги

19/08/2026
Македонија

„Кога гори македонска земја, нема граници“: Хероите на градот тргнаа

19/08/2026
Македонија

Ниту еден македонски универзитет меѓу 1.000 најдобри во светот

19/08/2026
Македонија

Странски возачи чекаат во ред на Табановце за да ги

19/08/2026
Македонија

Ѓорѓиевски: СДСМ создава паника за комарците, Град Скопје спроведува континуирана

19/08/2026
Македонија

Кризата со западно-нилската треска во Скопје ескалира: СДСМ бара одговорност

19/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45125
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Повторно лажни СМС испратени од МВР: Никако да не се споделуваат лични податоци

19/08/2026

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека изминатиов период е забележана појава на фишинг напади кои се изведуваат преку

МВР: Започна примената на системот и за странските возила на ГП Табановце

19/08/2026

Од денес започна примената на воспоставениот механизам за постапување со возачите на возила со странски регистарски таблички кај кои системот

Телевизиите во Македонија најважните спортски натпревари ќе мора да ги емитуваат бесплатно

19/08/2026

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги донесе нова одлука со која се утврдува листа на настани од големо значење

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy