Над 100 шумски пожари беснеат во Грција
Повеќе од 100 пожари горат во Грција.
Стотици пожарникари продолжуваат да се борат со огнот во североисточна Грција, Атика, соседната регионална единица Беотија и островот Андрос. Пожарникарите се трудат да стават под контрола 105 шумски пожари, а 46 од нив избувнале во саботата и неделата. Во североисточните регионални единици Еврос и Родопи, масивниот шумски пожар гори веќе деветти ден. Таму имаше 20 жртви.
Во пожарот кај Александрополи уништени се огромни шуми и изгорени се домови во оддалечените области на градот. Третиот голем шумски пожар започна во саботата на остров Андрос и се претпоставува дека е предизвикан од удар од гром. Службата за управување со вонредни состојби на Европската унија „Коперник“ соопшти дека во шумските пожари во Грција изгореа 77.000 хектари површина. Странски земји помагаат Грција да се справи со пожарите. Скоро секое лето во Грција има големи шумски пожари. Ова лето тие ги пореметија плановите на странските туристи кои бегаа од хотелите за да се спасат од огнот.
foto Katimerini