Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Над 1.000 посетители на отворањето на изложбата на Музејот на современа уметност – Скопје во Виена
Македонија

Над 1.000 посетители на отворањето на изложбата на Музејот на современа уметност – Скопје во Виена

21/04/2023

AA

Во Виена преку 1.000 посетители беа на големото отворање на изложбата „Ниедно чувство не е конечно. Колекција на солидарноста, МСУ Скопје” (No Feeling is Final. The Skopje Solidarity Collection), со дела од уникатната колекција на Музејот на современата уметност – Скопје, што ќе биде отворена сѐ до 28 јануари 2024 година, информираа од Музејот на современа уметност – Скопје.

– Галерискиот простор на Кунстхале, буквално беше претесен да ги собере сите оние кои трпеливо чекаа да влезат во музејот за да ја погледнат изложбата за солидарно Скопје и делата, кои светски познатите уметници ги подарија на нашиот Музеј на современата уметност во знак на солидарност по катастрофалниот земјотрес во 1963 година. На 1.000 метри квадратни, импозантните 94 избрани дела од солидарната колекција на МСУ во симбиоза со 50-те дела од шестмината современи уметници, делуваат импресивно во просторот. Во изложбениот проект, вклучена е и документарна секција за Скопје, трансформацијата на градот и приказната за МСУ и неговата колекција, документи и макетата на Кензо Танге, позајмени од архивите на Музејот на град Скопје и текстови и макети од позначајни градби од постземјотресната обнова на градот, од архивата на Ана Ивановска, Јован Ивановски и Владимир Десков, кои наедно одржаа и предавање вчера пред виенската публика, се наведува во соопштението.

На официјалното отворање на изложбата имало обраќање на двете директорки на партнерските институции Кунстхале и МСУ, Сабина Саболовиќ и Мира Гаќина.

– Во Виена пристигна и министерката за култура на Република Северна Македонија, Бисера Костадиновска Стојчевска, која присуствуваше на отворањето, амбасадорот на Европската унија во Република Северна Македонија, Дејвид Гир, голем дел од дипломатскиот кор во Виена и претставници од македонската амбасада во Австрија. Современите уметници вклучени во изложбениот проект, Брук Ендру од Мелбурн, Синиша Илиќ од Белград, Иман Иса од Берлин и Ѓулсун Карамустафа од Истанбул и македонското уметничко дуо Јане Чаловски и Христина Иваноска од Скопје, синоќа беа во центарот на вниманието, пишува во соопштението.

Како што се додава, „тие направија своја селекција од вредната колекција на МСУ и осмислија поставка со која воспоставија дијалог помеѓу делата на познатите уметници од колекцијата и нивната авторска работа. Идејата е да се види како денес современите уметници ја доживуваат оваа збирка, настаната преку светската солидарност. Покрај нив, фотографката Елфи Семотан од Виена, направи дела од градскиот пејзаж на Скопје и МСУ, а писателката Барби Марковиќ од Виена, напиша патопис за нејзиното искуство од соочувањето со сложените и слоевити истории на Скопје“.

– Пред отворањето се одржа и конференција за печат пред повеќе десетици претставници на австриските медиуми, каде говореа Гаќина и Саболовиќ. Изложбата што ќе биде отворена до следната година, според искуствените статистики што ги има Кунстхале Виена, се предвидува да ја погледнат повеќе од 75.000 илјади посетители од целиот свет, се нагласува во соопштението.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Претреси на 32 локации во Скопје, се истражува сомнение за

11/09/2026
Македонија

МНР: 25 години од 11 Септември, Македонија стои со САД

11/09/2026
Македонија

МВР со детали за пожарот во Шуто Оризари: Опожарени над

11/09/2026
Македонија

Поднесена кривична пријава за убиството на 26-годишникот во Скопје, осомничени

11/09/2026
Македонија

Новиот клинички центар ќе биде кај „Борис Трајковски“, се разгледуваат

11/09/2026
Македонија

Савески за „Пулс“: Роковите за притвор мора да се почитуваат,

11/09/2026
Македонија

Во тек е полициска акција: Претреси поради сомнежи за фалсификувани

11/09/2026
Македонија

Мицкоски за укинувањето на пресудата за „Ласкарци“ и Јакимовски: Вие

11/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45643
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Претреси на 32 локации во Скопје, се истражува сомнение за фалсификување исправа

11/09/2026

Претреси на вкупно 32 локации во Скопје се вршат денеска во рамки на полициска акција, информира Основното јавно обвинителство Скопје.

МНР: 25 години од 11 Септември, Македонија стои со САД во борбата против тероризмот

11/09/2026

Дваесет и пет години по терористичките напади од 11 Септември, Македонија им оддава почит на жртвите и на оние кои

МВР со детали за пожарот во Шуто Оризари: Опожарени над 20 дуќани со текстилна и

11/09/2026

На 11.09.2026 околу 03:20 часот во СВР Скопје е пријавено дека во трговски центар на подрачјето на Шуто Оризари, биле опожарени

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy