Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Нацртана марама на муралот на Мајка Тереза: „Зарем ваков однос заслужи од своите сограѓани?“
Македонија

Нацртана марама на муралот на Мајка Тереза: „Зарем ваков однос заслужи од своите сограѓани?“

29/09/2025

AA

Католичката црква во Македонија денеска излезе со официјално соопштение во кое изрази жалење и осуда за, како што наведува, недостојниот и навредлив чин со кој бил изменет муралот на света Мајка Тереза на „Школка“ во Градскиот парк во Скопје.

Од Црквата велат дека со додавање на марама на ликот на светицата се повредуваат верските чувства на верниците и на сите почитувачи на нејзиното дело. Во соопштението се потсетува на значењето на Мајка Тереза за Скопје, Македонија и светот, нагласувајќи дека таа со својот живот и дело ја направила земјата препознатлива како пример на хуманост и љубов кон сиромашните и болните.

„Почитта кон верските чувства е темелен принцип на секое демократско општество. Слободата на уметничко изразување е драгоцена, но таа мора да се остварува со почит кон достоинството и кон она што е свето за една заедница“, стои во реакцијата.

Католичката црква ја повика јавноста на поголема свесност и одговорност за значењето на светите личности и простори, а надлежните институции да преземат мерки за заштита на верските чувства на граѓаните и превенција на вакви појави во иднина.

Истовремено, од Црквата упатија благодарност до сите граѓани и заедници кои реагираа и го осудија чинот, оценувајќи го како „срамен и недостоен за делото на светицата родена во Скопје“.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Голем пожар ја зафати депонијата „Мелци“ кај Кавадарци – се

25/08/2026
Македонија

Вратата од лифт ненадејно се отворила и затворила, тешко повредено

25/08/2026
Македонија

Донесена е одлука, Владата ги намалува цените на училишниот прибор

25/08/2026
Македонија

Утре посебен режим на сообраќај во Скопје, премиерот на Косово

25/08/2026
Македонија

Малолетници преку Инстаграм се фалат со уништување имот и упади

25/08/2026
Македонија

Нови и модерни спортски терени во средните училишта во Скопје

25/08/2026
Македонија

Од утре пријавување за студентски оброк: Бруцошите добиваат по 140

25/08/2026
Македонија

Вештакот Марковски на судењето за „Пулс“: Барањето за пренамена го

25/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45245
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Голем пожар ја зафати депонијата „Мелци“ кај Кавадарци – се сомнева на човечки фактор

25/08/2026

Пожарникарите од ТППЕ Кавадарци се на терен и го локализираат огнот, додека градоначалникот Јанчев апелира до граѓаните за претпазливост. Голем

Вратата од лифт ненадејно се отворила и затворила, тешко повредено 3-годишно девојче од Скопје

25/08/2026

Тригодишно девојче се здобило со тешки телесни повреди во лифт во станбена зграда на подрачјето на Радишани, информира Министерството за

Донесена е одлука, Владата ги намалува цените на училишниот прибор – 10% на големо, и

25/08/2026

Владата на денешната седница донесе одлука за намалување на цените на училишниот прибор, како мерка за поддршка на семејствата пред

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy