Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 НАЈВИСОКАТА ПЛАТА НА СУДИЈА ЛАНИ Е 139.738 ДЕНАРИ НЕТО, АМА БЕЗ ДОДАТОЦИТЕ ЗА ДОВЕРЛИВОСТ И ЗА РИЗИК Камбовски тврди дека нема судија со плата од 180.000 денари
Македонија

НАЈВИСОКАТА ПЛАТА НА СУДИЈА ЛАНИ Е 139.738 ДЕНАРИ НЕТО, АМА БЕЗ ДОДАТОЦИТЕ ЗА ДОВЕРЛИВОСТ И ЗА РИЗИК Камбовски тврди дека нема судија со плата од 180.000 денари

03/12/2025

AA

Судскиот совет прави проекции на буџетот за наредната година со планови за вработување и со ревизија на сите судови, вели претседателот на Судскиот совет, Александар Камбовски.

Разликата со буџетот за претходната година, додава тој, ќе биде во новите планирани вработувања, а капиталните инвестиции, како што се реновирањето судски згради или набавката на опрема, ги планираат секоја година.

Прашан како го коментира предлогот на премиерот Христијан Мицкоски за тоа Судскиот совет и Советот на јавни обвинители да изготват список што им треба од финансии и да го достават, Камбовски рече дека се согласува со премиерот дека треба да имаат план колку пари им се потребни.

– Апсолутно, мислам, се согласувам со премиерот. Ние треба да имаме буџет, па да знаеме што сакаме, за да може централниот буџет да ги одвои тие средствата што ни се потребни. И од неговите изјави јас подразбирам дека и тој е согласен на тој начин да продолжиме понатаму – изјави Камбовски.

Во буџетот за следната година, посочи Камбовски, се прават планови за вработување на минимум потребни луѓе што недостасуваат во судовите.

– Минатиов период имавме состаноци со сите судови во државата и се трудевме во планот за вработување да ставиме минимум човечки ресурси. Значи, не да се оди со некои максималистички барања, туку со минимум човечки ресурси во овој момент, за да можат судовите да функционираат на некоја минимум задоволителна основа. Разликата вопарите ќе дојде во плус за тие луѓе што би се вработиле, ако се 300 луѓе, значи за 300 луѓе плус бруто плата, а колку доаѓа точно, не можам да кажам – изјави Камбовски.

Во врска со изјавата на премиерот Мицкоски дека претседателите на судовите земаат плата по 180.000 денари, Камбовски вели дека нема таква плата во државата.

– Судија во основен суд со основна надлежност има нето-плата од 86.623 денари, судија во суд со проширена надлежност има 89.346 денари, а претседател на основен суд 99.112 денари. Тие се платите за основните судови. Судија во Врховниот суд зема плата 105.000 денари, претседателот 114.000 денари. Овие плати што ги кажувам се основните, а на овие плати има, нели, додавање на минат стаж – изјави Камбовски.

Просечните плати исплатени во 2024 година на судиите во Врховниот суд, каде што е вкалкулиран и минатиот стаж, се 197.000 денари просечна бруто-плата, односно, 128.000 денари просечна нето-плата, додаде претседателот на Судскиот совет.

– Највисока плата за 2024 година исплатена на судија во 2024 година изнесува 214.000 денари во бруто износ, а 139.738 денари во нето износ – изјави Камбовски.

На овие плати, Камбовски нагласи дека не се ставени додатоци за доверливост и за ризик при работа, зашто, како што рече, тие додатоци не ги земаат секој месец.

– Како што има пари во буџетот, така ги земаме. На пример, еден месец 5 отсто е додатокот, па 3 месеци нема, па ќе биде 7 посто, па пак 5 отсто, па 10 отсто. Меѓутоа тие не се примања коишто редовно ги примаат судиите – појасни Камбовски.

Прашан како стојат платите на судиите споредено со останатите земи, Камбовски вели дека ние заостануваме.

– Премиерот можеби е во право дека кога ќе споредиме со БДП, колкав процент од него се издвојува за судството, можеби е така. Меѓутоа за ние да ги достигнеме прво нашите соседни земји, секако дека треба да имаме поголеми издатоци, па кога се израмниме, тогаш ќе биде друга пресметка. Инаку ние заостануваме во поглед на соседните земји, а за Европска Унија веќе да не правам муабет – изјави Камбовски.

 

ПРЕТСЕДАТЕЛ НА СУД ЗЕМА 180.000 ДЕНАРИ ПЛАТА, А ПРЕМИЕРОТ 155.000 ДЕНАРИ Мицкоски нема да го зголеми буџетот за правосудството

.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Семејство од гостиварско пријавило физички напад во Долна Матка по

24/08/2026
Македонија

Почина бизнисменот Огњан Циговски

24/08/2026
Македонија

Западнонилска треска: Потврдени 44 случаи, пет лица починаа

24/08/2026
Македонија

Го убедила партнерот од Косово дека е бремена, па од

24/08/2026
Македонија

Цело Скопје се гуши во чад, пожари на повеќе страни

24/08/2026
Македонија

Пожарникарите спасија мало теле на Китка

24/08/2026
Македонија

Нова закана за цените на храната: Наесен се очекува нов

24/08/2026
Македонија

Ново поскапување на горивата од полноќ – ова се цените

24/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45214
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Семејство од гостиварско пријавило физички напад во Долна Матка по расправија за чамец

24/08/2026

Инцидент бил пријавен во полицијата по расправија околу прошетка со чамец во Долна Матка, каде семејство од гостиварско тврди дека

Почина бизнисменот Огњан Циговски

24/08/2026

По долгогодишна борба со болест, почина бизнисменот Огњан Циговски, кој со години беше едно од препознатливите имиња поврзани со развојот

Западнонилска треска: Потврдени 44 случаи, пет лица починаа

24/08/2026

Министерот за здравство Сашо Клековски денеска ја посети Клиниката за инфективни болести и Институтот за јавно здравје, каде се запозна

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy