Најтешкиот момент е согласноста: Д-р Кузмановска за 4tv.mk ги објаснува предизвиците со орган донорството
Иако медицинските тимови се подготвени да извршат многу повеќе зафати, најголемата пречка останува добивањето согласност од семејствата на починатите. Д-р Кузмановска во гостувањето на 4tv.mk појасни дека само од почетокот на годината се препознаени 8 потенцијални донори, но процентот на реализирани трансплантации би бил многу поголем доколку семејствата почесто се согласуваат.
„Разговорот со семејството е секогаш набиен со емоции бидејќи тие се во голем шок по загубата на близок,“ изјави таа за 4tv.mk, додавајќи дека критериумите за донорство се исклучително строги и подразбираат чиста мозочна смрт во услови на интензивна нега. Според неа, едукацијата на сите нивоа е клучна за подигнување на свеста, а голема поддршка во овој процес даваат и религиозните лидери, кои потврдуваат дека трансплантацијата не е во спротивност со етичките и верските принципи.