Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 На спектакуларен настан, „Тиквеш“ ги претстави вината од брендот „Луда Мара“
Економија

На спектакуларен настан, „Тиквеш“ ги претстави вината од брендот „Луда Мара“

30/05/2024

AA

Со мотото „Гледај го светот во очи“, во извонредна
атмосфера исполнета со артистички содржини,„Тиквеш“ го промовираше својот
автентичен бренд „Луда Мара“, во Музејот на современата уметност во Скопје.
Моќниот слоган на брендот „Луда
Мара“
– „Гледај го светот во очи“, е повик за љубителите
на виното храбро да се соочуваат со сите животни предизвици и со реалноста, не предавајќи
се на рутината и не бегајќи од можностите,
искуствата и предизвиците што ги носи животот.Силната порака на брендот „Луда
Мара“
е поткрепена со целосно нов визуелен идентитет, кој ја надополнува
неговата приказна.

Брендот „Луда
Мара“
го носи името на истоимената река која минува низ Кавадарци и има
огромно влијание врз создавањето на виното и винската култура во овој регион
низ вековите. Бројните легенди за оваа река ја опишуваат нејзината понекогаш
грижлива, а понекогаш непредвидлива природа. Со своите излевања таа ја хранела
и збогатувала почвата, но исто така ја покажувала и нејзината нескротлива сила.
Оваа река е олицетворение на двојноста на животот и симбол на човечката
издржливост и рамнотежата помеѓу човекот и природата.

Карактерот
на реката Луда Мара опишан во овие легенди е инспирација за создавање на
брендот „Луда Мара“, како и на дизајнот на етикетите на вината што се
дел од него, повикувајќи на свесност и храбросоочување со животот.

Покрај уживањето
во прекрасната атмосфера, на настанот присутните пријатели на „Тиквеш“,
вљубеници во виното и јавни личности, имаа можност да ги пробаат врвните вина
од брендот „Луда Мара“. Под овој бренд се достапни четири вина и
тоа две купажи„LudaMaraWhiteCuvée“ и „LudaMaraRedCuvée“, како и две сортни вина
„LudaMaraTemjanika“и „LudaMaraVranec“.

Темелниот
пристап за креирање на овој бренд е базиран на успешно етаблирање на вината „Луда
Мара
“ на домашниот и на странските пазари. Следејќи го примерот на другите добро
познати брендови на „Тиквеш“, како „Т’га за југ“, „Александрија“ и вината од
специфични микро-локации, се очекува и брендот „Луда Мара“даги освои
срцата на потрошувачите и набрзо да стане еден од водечките брендови на
пазарот.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ВЕШТАЧКАТА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА ЌЕ ГИ СПРЕЧИ РИЗИЦИТЕ ОД КОРУПЦИЈА ПРИ ЈАВНИТЕ

10/11/2026
Македонија

МУЦУНСКИ ЈА ОТВОРИ МАКЕДОНСКАТА АМБАСАДА ВО ВИЛНУС Ново поглавје во

10/11/2026
Македонија

СОБРАНИЕТО ГО УСВОИ ВТОРИОТ РЕБЛАНС НА БУЏЕТОТ ЗА 2026 ГОДИНА

10/11/2026
Македонија

СИЉАНОВСКА ДАВКОВА ИЗРАЗИ СОЧУВСТВО НА БУГАРСКАТА КОЛЕШКА ЈОТОВА Искрено сочувство

10/11/2026
Македонија

ГО ФАТИЛЕ СО 3,23 ПРОМИЛИ, А ПО ДВА ДЕНА СО

10/11/2026
Македонија

ОБВИНИТЕЛОТ КРСТОВ БАРА ИВА МИХАИЛОВА ДА МУ СЕ ИЗВИНИ ЗА

10/11/2026
Македонија

ИМ ЈА УРНАЛ КУЌАТА, ГИ ОСТАВИЛ БЕЗ НОВА Кумановски сопружници

10/11/2026
Македонија

ПРЕДЛОГОТ ЗА НОВ КРИВИЧЕН ЗАКОНИК ОДИ НА МИСЛЕЊЕ ВО ЕВРОПСКАТА

10/11/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46702
  • Регион 4000
  • Свет 20
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ВЕШТАЧКАТА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА ЌЕ ГИ СПРЕЧИ РИЗИЦИТЕ ОД КОРУПЦИЈА ПРИ ЈАВНИТЕ НАБАВКИ Законските измени се нужни

10/11/2026

Вештачката интелигенција и дигитализацијата ќе ги унапредат јавните набавки и ќе ги намалат ризиците од корупција, порача пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ,

МУЦУНСКИ ЈА ОТВОРИ МАКЕДОНСКАТА АМБАСАДА ВО ВИЛНУС Ново поглавје во односите со Литванија

10/11/2026

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски денеска во рамки на работната посета на Литванија оствари билатерална средба

СОБРАНИЕТО ГО УСВОИ ВТОРИОТ РЕБЛАНС НА БУЏЕТОТ ЗА 2026 ГОДИНА Дополнителни 60 милиони евра за

10/11/2026

Со 67 гласови за, 15 против и ниту еден воздржан Собранието го усвои вториот ребаланс на буџетот за 2026 година.

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy