Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 На погребот на папата Франциск утре во римската базилика, ќе присуствуваат околу 130 делегации
Македонија

На погребот на папата Франциск утре во римската базилика, ќе присуствуваат околу 130 делегации

25/04/2025

AA

Папата Франциск утре ќе биде погребан во една од таканаречените „пет папски базилики“, Санта Марија Маџоре, во Рим, каде од базиликата Свети Петар ќе биде пренесено телото на поглаварот на Римокатоличката црква.

Поворка од верници и црковни претставници, како и шефови на држави, ќе се соберат на плоштадот Свети Петар во 10 часот, каде ќе се одржи миса за упокојување на душата на папата Франциск.

Како што соопшти Ватикан, во првиот ред ќе застанат високи функционери од родната Аргентина на папата и Италија, додека останатите лидери ќе бидат распоредени по француски азбучен ред.

Церемонијата во Ватикан ќе ја води кардиналот Џовани Батиста Ре, за кој италијанските медиуми шпекулираат дека би можел да го замени папата Франциск на чело на Римокатоличката црква.

Од средата повеќе од 130.000 луѓе од целиот свет му оддадоа почит на папата Франциск, кој почина на 21 април, а верниците се собраа во базиликата Свети Петар во текот на ноќта и во раните утрински часови.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Од Охридско езеро извлечено тело на 46-годишен маж од Грузија

13/08/2026
Македонија

Скопјанец си го пронашол починат сопствениот син!

13/08/2026
Македонија

Трагедија во Аеродром: Работник почина откако го прегазил виљушкар кој

13/08/2026
Македонија

МНР: Нема официјална бројка за евакуирани македонски државјани од пожарите

13/08/2026
Македонија

Ангелов: Спречена е голема катастрофа во село Лознани, но опасноста

13/08/2026
Македонија

Полицијата со детали: 13 лица споделувале лажни вести за водата

13/08/2026
Македонија

Секој плаќа за себе: Wolt ја воведе функцијата Split Payments

13/08/2026
Македонија

АЛАРМАНТЕН ПОРАСТ: Регистрирани 26 случаи на Западно-нилска треска – ова

13/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45010
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Цената на нафтата порасна по мешаните сигнали за тензиите меѓу САД и Иран

27/06/2025

Американската сурова нафта WTI (West Texas Intermediate) денес поскапе за повеќе од еден процент, на близу 66 долари за барел,

Трагедија во Истанбул: 19-годишник ја застрелал својата 18-годишна бремена свршеница

27/06/2025

Деветнаесетгодишник ја застрелал и убил својата 18-годишна вереница, која била бремена пет месеци, во истанбулскиот кварт Саријер, а потоа избегал

Трамп најави потпишување на трговски договор меѓу САД и Кина

27/06/2025

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, изјави дека САД и Кина потпишале трговски договор, но не беа објавени детали

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy