НАЈНИСКИТЕ ПЛАТИ СТАНАЛЕ УШТЕ ПОНИСКИ, еве каде се исплаќаат најмали плати во земајва
Платите на најслабо платените работници во земјава во текот на месец ноември дополнително се намалиле во споредба со месец октомври. Иако намалувањето е минимално, сепак, со растот на трошоците тоа е сериозен удар за граѓаните со ниски примања.
Вообичаено во групата на најслабо платени работници се оние во текстилниот сектор, кај дејности поврзани со производство на мебел и кожа, заштитните дејности…
Еве ја листата на топ пет најмалку платени работници:
Заштитни и истражни дејности – 18.294 денари
Услуги поврзани со одржување на згради и дејности на уредување и одржување на животната средина и природата – 20.653 денари
Производство на кожа и слични производи од кожа – 21.764 денари
Производство на облека – 22.821 денари
Дејности за подготовка на оброци и
служење на храна – 22.884 денари.
Производство на мебел – 23.430 денари.
Во ноември според ДЗС просечнат аплата била 30.011 денари, додека пак во октомври 30.104 денари.