
Најмалку осум лица загинаа при експлозија на цистерна со гориво во Нигерија
Најмалку осум лица загинаа кога цистерна со гориво експлодира во југозападна Нигерија додека жителите се обидуваа да извадат бензин од резервоарот, соопшти денеска полицијата.
Во соопштението се наведува дека танкерот доживеал несреќа во неделата вечерта во близина на државата Ондо, поради што излетал од патот и се превртел на страна.
Портпаролот на полицијата на државата Ондо, Фумилајо Одунлами-Омисанија, рече дека некои луѓе потоа се обиделе да го извадат бензинот од резервоарот и тој експлодирал, објави Ројтерс.