Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 НАЈЛОШОТО ДОПРВА ДОАЃА: Надојдената река се излеа од коритата, вистински хаос во Словенија и Хрватска
Регион

НАЈЛОШОТО ДОПРВА ДОАЃА: Надојдената река се излеа од коритата, вистински хаос во Словенија и Хрватска

05/08/2023

AA

Во Словенија денеска е во сила црвен метео аларм поради поплави во поголем дел од земјата, со исклучок на Приморска на запад.

Межишката долина и делови од Горња Савињска и понатаму се отсечени, а состојбата е катастрофална и во областа Медвод, јави Радио-телевизија Словенија.

Во поширокото подрачје на Камник, полицискиот хеликоптер, како и припадници на полицијата помагаат во евакуацијата на населението.

Условите во Медводе се катастрофални, а луѓето се заробени поради лизгање на земјиштето, рече градоначалникот на градот, Нејц Моле.

Во Словенија се излеа реката Сава

Сава се излеа на устието на Крка кај Брежице, соопштија од штабот на Граѓанската одбрана на Посавје.

Врнежите во текот на ноќта доведоа до ново покачување на нивото на реките во централна и источна Словенија.

Пешница и Дравиња се излеале во долниот тек, Сава во среден и долен тек, како и одредени притоки на Љубљаница.

Поради високиот водостој на Сава, кампот во Чатешки Топлице е евакуиран во текот на ноќта, а Чрна во Корушка е отсечена од светот, јави Радио-телевизија Словенија.

Во општините Брежице и Кршко пожарникарите поставија кеси за заштита од поплави.

Сава веќе во петокот вечерта го поплави помошното фудбалско игралиште во Кршко.

Словенечката армија тргнува кон Черна во Корушка, каде што луѓето се без вода, струја или сигнал од мобилен телефон.

Во Словенија три лица загинаа како последица на невреме и поплави.

Слична ситуација во Хрватска

Нивото на водата низ Хрватска е во благ пораст и покрај бранот вода кој пристигна и се уште пристигнува од Словенија. Редовни мерки за заштита од поплави се на сила низ државата, а на места се и подготвителни. Само во Дрење Брдовечки е вонредна состојба.

Бранот од Словенија вчера најпрво зафати делови од жупанија Меѓумурје и Вараждин.

Протокот на Сава вечерва треба да биде рекорден, пренесува Index.hr.

Најзагрозени подрачја се населбите Дрење Брдовечко, Зденци Брдовечко, Пруднице, Јаворје. На подрачјето на Самобор, Света Неџеља, Запрешиќ и Брдовац во текот на ноќта се спроведуваа активности за заштита од поплави, а патроли беа организирани и по одводниот канал Сава-Одра. Континуирано се посетуваат критичните места на теренот.

Како што јави ХРТ Сава почна да се излева, загрозени се најниските делови на општина Брдовец.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Претреси на 32 локации во Скопје, се истражува сомнение за

11/09/2026
Македонија

МНР: 25 години од 11 Септември, Македонија стои со САД

11/09/2026
Македонија

МВР со детали за пожарот во Шуто Оризари: Опожарени над

11/09/2026
Македонија

Поднесена кривична пријава за убиството на 26-годишникот во Скопје, осомничени

11/09/2026
Македонија

Новиот клинички центар ќе биде кај „Борис Трајковски“, се разгледуваат

11/09/2026
Македонија

Савески за „Пулс“: Роковите за притвор мора да се почитуваат,

11/09/2026
Македонија

Во тек е полициска акција: Претреси поради сомнежи за фалсификувани

11/09/2026
Македонија

Мицкоски за укинувањето на пресудата за „Ласкарци“ и Јакимовски: Вие

11/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45643
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Претреси на 32 локации во Скопје, се истражува сомнение за фалсификување исправа

11/09/2026

Претреси на вкупно 32 локации во Скопје се вршат денеска во рамки на полициска акција, информира Основното јавно обвинителство Скопје.

МНР: 25 години од 11 Септември, Македонија стои со САД во борбата против тероризмот

11/09/2026

Дваесет и пет години по терористичките напади од 11 Септември, Македонија им оддава почит на жртвите и на оние кои

МВР со детали за пожарот во Шуто Оризари: Опожарени над 20 дуќани со текстилна и

11/09/2026

На 11.09.2026 околу 03:20 часот во СВР Скопје е пријавено дека во трговски центар на подрачјето на Шуто Оризари, биле опожарени

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy