Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 На колку години Германците одат во пензија?
Економија

На колку години Германците одат во пензија?

22/08/2023

AA

Германците лани оделе во пензија на просечна возраст од 64,4 години. 

Тие се пензионираат две години подоцна отколку во 2001 година, покажуваат податоците кои ги објави Германското здружение за пензиско осигурување во вторникот.

За споредба, во 2021 година мажите во просек се пензионирале на 64,1 година, а жените на 64,2 години. Лани просечната старосна граница за пензионирање за двата пола била 64,4 години. Меѓутоа, во 2001 година, мажите се пензионирале на просечна возраст од 62,4 години, а жените на 62,5 години.

Но, германските пензионери добиваат бенефиции во просек подолго од претходно, бидејќи и тие живеат подолго. Минатата година мажите земале просечна пензија во текот на 18,8 години, слично како во 2021 година, но подолго од 16,7 години отколку во 2012 година. Жените во 2022 година ја добивале пензијата просечно 22,2 години, нешто подолго отколку во 2021 година.

Германското здружение за пензиско осигурување го припишува подолгиот пензиски период на зголемувањето на животниот век.

„Иако зголемувањето на општиот животен век е многу добредојден факт, тој претставува и предизвик за грижа во староста“, наведуваат од пензиското друштво.

Овој ефект ќе биде пригушен со постепено зголемување на старосната граница за пензионирање на 67 години до 2031 година. Главниот фактор за подоцнежното пензионирање не е само зголемената возраст за пензионирање, туку и постепеното укинување на пензиите за предвремено пензионирање.

Во Франција граѓаните протестираа поради зголемувањето на старосната граница за пензионирање. 

foto freepik.com

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Проф. д-р Кристоф Бенедиктер ја прими Светската награда на хуманизмот

09/08/2026
Македонија

Утре рано наутро авионско прскање против комарци во Велес

09/08/2026
Македонија

Д-р Мерџановски со апел до младите: Внимателно со скоковите во

09/08/2026
Македонија

Колабирал од жештината додека возел, изгубил свест и удрил во

09/08/2026
Македонија

Со архиерејска литургија и пораки за единство, Велес го прослави

09/08/2026
Македонија

Пациентот транспортиран од Турција е во стабилна состојба и надвор

09/08/2026
Македонија

Замина легендата на ромската музика: Почина фолк-ѕвездата Џансевер

09/08/2026
Македонија

Скопјанец возел со 2,13 промили алкохол во организмот и без

09/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44938
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Проф. д-р Кристоф Бенедиктер ја прими Светската награда на хуманизмот во Охрид

09/08/2026

Професорот д-р Кристоф Бенедиктер денеска во Куќата на МАНУ во Охрид ја прими Светската награда на хуманизмот за 2026 година,

Утре рано наутро авионско прскање против комарци во Велес

09/08/2026

Општина Велес утре во раните утрински часови ќе го спроведе третото авионско третирање против комарци. Со прскањето ќе бидат опфатени

Д-р Мерџановски со апел до младите: Внимателно со скоковите во вода, повредите на рбетот често

09/08/2026

На Клиниката за ТОАРИЛУЦ летово не се регистрирани нови случаи на тешки повреди при скокање во плитка вода, со исклучок

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy