
На ГП Деве Баир приведени тројца бугарски државјани, се обиделе физички да нападнат полициски службеници
Министерството за внатрешни работи информира дека на граничниот премин Деве Баир се приведени тројца бугарски државјани.
Според соопштението, тие се обиделе физички да нападнат полициски службеници.
„Околу 12.45 часот на Граничниот премин Деве Баир дошло до нарушување на јавниот ред и мир од страна на Г.З (35),А.Х(50)и Р.Х(54) бугарски државјани кои најпрво вербално, дрско и недолично со најпогрдни зборови се однесувале а потоа се обиделе и физички да ги нападнат полициски службеници кои преземале службени дејства,при што се приведени и се работи на целосно расчистување на случајот“, велат од МВР