
На германските угостители им фалат повеќе од 65.000 работници
На германските угостители им недостасуваат повеќе од 65.000 работници.
Информацијата ја соопшти здружението на угостители Дехога. Недостигот од вработени, е постојан проблем за индустријата, велат од здружението за ДПА.
„Федералната агенција за труд објави 33.160 работни места во угостителството за јуни. Сепак, претпоставуваме дека вистинската побарувачка е најмалку двојно поголема, бидејќи многу компании повеќе не ги пријавуваат своите слободни работни места“, рече Сандра Варден, експерт за пазарот на труд од Дехога.
Има установи кои поради недостиг од работници се принудени да го скратат работното време, да затвораат во одредени денови или да ја ограничат понудата на менито. Дел од рестораните почнаа да воведуваат самопослужување. Германија со години има проблем да обезбеди работна сила.
foto freepik.com/ashmedvednikov