Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 На Фејсбук кружи нова измама: Се нудат недоставени или изгубени пратки по цена од 850 денари
Македонија

На Фејсбук кружи нова измама: Се нудат недоставени или изгубени пратки по цена од 850 денари

16/11/2025

AA

На социјалната мрежа Фејсбук деновиве се појави нова измама преку која граѓаните се мамат дека „Пошта“ наводно нуди можност за купување на недоставени или изгубени пратки по цена од 850 денари. Објавата е претставена како официјално соопштение од АД „Пошта на Северна Македонија“.

Во сомнителната објава се наведува дека Поштата „нуди посебна можност“ за купување изненадувачки пакети што наводно останале неподигнати од клиентите. Лажната понуда тврди дека по симболична цена од 850 денари граѓаните можат да купат пакети кои би содржеле технолошки уреди, телефони, козметика, облека, предмети за домаќинството и други производи. Дополнително, се наведува дека „понудата важи 10 дена“, со што измамниците се обидуваат да создадат чувство на итност.

Граѓаните се предупредуваат да не оставаат лични податоци, да не уплаќаат пари и да пријават сомнителни линкови.

Исто така, граѓаните се повикуваат на зголемена внимателност, бидејќи ваквите измами сè почесто ја таргетираат јавноста со цел финансиска добивка и злоупотреба на лични податоци.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Голем успех: 11-годишниот Андреј Цековски донесе злато од САД

10/09/2026
Македонија

Д-р Цана: Западнонилската треска остава долготрајни последици – специфичен лек

10/09/2026
Македонија

Гоцевски: На Борис Трајковски му извршија атентат

10/09/2026
Македонија

Гоцевски: Ни се закануваа дека ќе го срамнат Собранието и

10/09/2026
Македонија

Тензично на Советот на Кисела Вода: Бараа обезбедување по расправијата

10/09/2026
Македонија

Гоцевски за преговорите со ЈНА: Генерал ни кажа договорот да

10/09/2026
Македонија

Атентатот врз Глигоров и смртта на Трајковски – две трагедии

10/09/2026
Македонија

Гоцевски открива што се подготвувало пред независноста: Форумот работел на

10/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45628
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Голем успех: 11-годишниот Андреј Цековски донесе злато од САД

10/09/2026

Единаесетгодишниот пијанист Андреј Цековски оствари голем меѓународен успех со освојувањето на првото место на престижниот натпревар International Youth Music Competitions.

Д-р Цана: Западнонилската треска остава долготрајни последици – специфичен лек нема, закрепнувањето трае со месеци

10/09/2026

Западнонилската треска може да остави долготрајни невролошки последици, а процесот на целосно закрепнување кај пациентите со потешка форма може да

Гоцевски: На Борис Трајковски му извршија атентат

10/09/2026

Поранешниот функционер Трајан Гоцевски изнесе тврдење дека загинувањето на претседателот Борис Трајковски во авионската несреќа во 2004 година не било

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy