Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 На денешен ден во 1945 година во Битола е одржан првиот наставен час на современ македонски јазик
Македонија

На денешен ден во 1945 година во Битола е одржан првиот наставен час на современ македонски јазик

06/02/2026

AA

На 6 февруари 1945 година, во Битолската гимназија се одржа историски настан – првиот наставен час на современ македонски јазик во едно македонско средно училиште.

Одлуката за одржување на часот била донесена на првиот наставнички совет, со кој претседавал директорот Орде Печијаре. Веднаш тој ден, скромно украсената сала на гимназијата беше полна со ученици и гости. Молк го прекрши директорот Печијаре, кој соопшти дека гимназијата започнува со редовна настава на македонски јазик. Следеше силен аплауз, а претставниците на народната власт ги поздравија присутните и зборуваа за значењето и улогата на гимназијата во ослободената татковина.

Членовите на штотуку формираниот градски театар и културно-уметничката група при гарнизонот изведоа пригодна програма. Присутните ја слушнаа по прв пат поетската убавина на Константин Миладинов со „Т’га за југ“, „Бисера“, „Голапче“, како и стиховите на Кочо Рацин, придружени со македонски народни песни, кои ја разбудија душата на сите во салата.

Првата учебна година ја следеле 572 ученици во 13 мешани паралелки, завршувајќи на 20 јуни 1945 година. Гимназијата со текот на времето ги менувала имињата – од 1945 до 1952 носела името на Гоце Делчев, за време на Нижата гимназија (1951-1952) била наречена Никола Карев, а од 1952 година па сè до денес го носи името Јосип Броз-Тито. Независно од имињата, во Битола останала позната како Горната гимназија.

Денес, во холот на гимназијата, на мермерна плоча се изложени имињата и ликовите на пет народни херои – средношколци кои учеле во гимназијата: Стеван Наумов-Стив, Мирче Ацев, Страшо Пинџур, Кузман Јосифовски-Питу и Елпида Караманди.

Наставниците и учениците од секоја генерација со гордост истакнуваат дека дел од нивните колеги станале истакнати личности, меѓу кои академици и писатели, како Петре М. Андреевски, Томе Бошевски, Кирил Миљовски, Фанула Папазоглу, Коле Чашуле, Владо Камбовски, Љубен Лапе, Ѓорги Филиповски, Анте Поповски, Ѓорѓи Чупона, Михаил Петрушевски, Петар Серафимов, Ристо Лозановски, Живко Попов, Димче Коцо, Александар Христов, Георги Константиновски и писателот Владимир Костов, почесен член на МАНУ.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Обука на специјална единица од Белгија ќе се спроведува во

06/02/2026
Македонија

Забраните не даваат резултат – употребата на никотин преку вејпови

06/02/2026
Македонија

🎥 СЕ ИЗВИНИ ШТО СЕ ОДНЕСУВАЛ БЕЗОБРАЗНО КОН ВЛАСТА И

06/02/2026
Македонија

11 возачи фатени без дозвола, двајца од нив малолетници

06/02/2026
Македонија

Локални врнежи од дожд утре и во недела

06/02/2026
Македонија

Скопје ќе добие нов Луна парк до втората половина на

06/02/2026
Македонија

ВИДЕО МВР заплени рекордни 27 тони марихуана, најголема акција досега

06/02/2026
Македонија

ОТВОРЕНИ МОЖНОСТИ ЗА СОРАБОТКА СО ОБЕДИНЕТИТЕ АРАПСКИ ЕМИРАТИ Бенефитот ќе

06/02/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 41114
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Обука на специјална единица од Белгија ќе се спроведува во Охрид и Радожда од 7-ми

06/02/2026

СВР Охрид ја известува јавноста дека, од 07 до 20 февруари 2026 година, на подрачјето на Охрид и струшкото село

Забраните не даваат резултат – употребата на никотин преку вејпови и ќесички може да ја

06/02/2026

Македонските власти со новиот предлог Закон за заштита од пушење ги изедначија цигарите со алтернативните никотински производи, како што се

🎥 СЕ ИЗВИНИ ШТО СЕ ОДНЕСУВАЛ БЕЗОБРАЗНО КОН ВЛАСТА И КОН ПРЕМИЕРОТ Откако полицијата им

06/02/2026

Уште еден од демонстрантите кои се закануваа поради одземањето возила за возење без возачка дозвола, се извини јавно преку видео

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy