
На „Богородица“ уапсен 37 годишен маж – си носел 2.720 кутии цигари!
ОВР Гевгелија поднесе кривична пријава против Н.М.(37) од Стар Дојран, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „криумчарење“.
На 23.05.2023 на граничен премин Богородица, при контрола во возило „опел вектра“, биле пронајдени и одземени 2.720 кутии цигари различна марка без документација.

