Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 НАЈБОГАТИОТ ШТЕДАЧ ВО ЦРНА ГОРА НЕ Е ЖИТЕЛ НА ДРЖАВАТА: Има орочени 26,5 милиони евра
Економија

НАЈБОГАТИОТ ШТЕДАЧ ВО ЦРНА ГОРА НЕ Е ЖИТЕЛ НА ДРЖАВАТА: Има орочени 26,5 милиони евра

06/03/2024

AA

Најбогат депонент во Црна Гора е нерезидент со орочен
депозит од 26,5 милиони евра, а кога станува збор за резиденти, најголемиот
орочен депозит е 23,6 милиони евра, објави Централната банка на Црна Гора.

Подгоричкиот портал Банкар пишува дека на крајот на минатата
година, според последните достапни податоци за 50-те најголеми штедачи, кои
банките ги доставиле до Централната банка на Црна Гора, на 31 декември, орочени депозити имале 23 физички
лица во износ од еден милиони и повеќе евра.

На прашањето за причините за растот на депозитите во 2023
година, ЦБЦГ рече дека тоа е главно последица на силниот реален раст остварен
во 2023 година од околу шест отсто во текот на минатата година.

„Клучна улога во акумулацијата на економскиот раст, а со тоа
и растот на депозитите одигра многу успешната туристичка сезона, односно
приливот од над 1,5 милијарди евра, како и активностите поврзани со овој
сектор. Во 2023 година прилив по основ на дознаки е остварено и од странство во
износ од 792 милиони евра. Исто
така, на растот на депозитите влијаело дополнителното штедење на нерезидентите
со подолг престој во Црна Гора. Годинава има прилив на странски директни
инвестиции врз основа на за продажба на недвижен имот во Црна Гора во износ од
463 милиони евра“, соопштија од ЦБЦГ.

Централната банка наведува и дека сите горенаведени приливи
претставуваат основа за пораст на вкупните депозити и генерално имаат стабилен
тренд.

„Имајќи ги предвид перспективите на црногорската економија и
очекувањата за позитивен реален раст, како и интензивирањето на интеграцијата
во ЕУ, Централната банка очекува продолжување на трендот на раст на депозитите
со умерен интензитет во наредниот период“, вели
ЦБЦГ.

ФОТО: Unsplash/Robert Anasch

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ВИДЕО Хозе Карерас ја пееше „Едно име имаме“ со македонските

01/09/2026
Македонија

ПОЖАРОТ КАЈ ШТИПСКО СЕЛЦЕ ПОД КОНТРОЛА: Ветерот ги загрози викендиците,

01/09/2026
Македонија

ОЈО Скопје бара притвор за 19-годишник: Со нож избодел дете

01/09/2026
Македонија

Кој ќе одговара за хаосот во Маџир Маало? Две бомби

01/09/2026
Македонија

Обвинителството објави прислушувани разговори за судијата Ѓоко Ристов

01/09/2026
Македонија

ПОСЛЕ ТРИ ДЕЦЕНИИ: Повторно отворено Средното полициско училиште „7 Мај“,

01/09/2026
Македонија

5 активни пожари низ Македонија

01/09/2026
Македонија

29-годишен Охриѓанец приведен во Струга, бил затекнат во автомобил како

01/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45385
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ВИДЕО Хозе Карерас ја пееше „Едно име имаме“ со македонските ѕвезди

01/09/2026

Светски познатиот тенор Хозе Карерас настапи вечерва во Скопје, на плоштадот Македонија, во срцето на главниот град, по повод одбележувањето на 35 години

ПОЖАРОТ КАЈ ШТИПСКО СЕЛЦЕ ПОД КОНТРОЛА: Ветерот ги загрози викендиците, огнот се шири кон Серта

01/09/2026

Силниот ветер попладнево го разгоре пожарот во близина на штипското село Селце, ставајќи под директна закана голем број викендици во

ОЈО Скопје бара притвор за 19-годишник: Со нож избодел дете и возрасен, во нападот учествувал

01/09/2026

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице на возраст од 19 години за кое

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy