Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Најбогатиот Македонец ќе произведува струја од над 5 мегавати
Економија

Најбогатиот Македонец ќе произведува струја од над 5 мегавати

29/06/2023

AA

ИГМ Трејд на челичниот магнат Илија Гечев во Кавадарци ќе пушти во употреба уште три фотоцентрали за производство на електрична енергија од обновливи извори, со кои ќе го надмине нивото на моќност од 5 мегавати.

Ова го покажува измената на лиценцата од Регулаторната комисија за енергетика која се врши по барање на ИГМ Трејд поради
зголемување на капацитетите со кои се врши дејноста.

Извозникот на цевки ќе додаде уште три фотоцентрали под името „ИГМ 5 Нова 2“ на веќе постоечките кои ги пушти во употреба минатата година во Кавадарци. Секоја од трите нови фотоцентрали ќе има моќност од по околу 900 киловати.

„Испораката на електрична енергија во електродистрибутивната мрежа од ФЕЦ “ИГМ Цинкара”,
ФЕЦ “ИГМ 2 и ИГМ 3”, ФЕЦ “ИГМ НОВА”, ФЕЦ “ИГМ 5 НОВА 2 БЛОК 1”, ФЕЦ “ИГМ 5 НОВА 2 БЛОК
2” и ФЕЦ “ИГМ 5 НОВА 2 БЛОК 3” ќе се врши согласно дефинираните услови за приклучување во
Решението за согласност за приклучување на електродистрибутивната мрежа УП1-10-798 од 23
декември 2022 година издадено од Електродистрибуција ДООЕЛ Скопје, со одобрена моќност за
производител од 5.364,44 kW“ пишува во одлуката на РКЕ донесена на 19 јуни.

ИГМ Трејд на крајот од минатата година во регистарот на Агенцијата за енергетика исто така пријавил шест фотоцентрали со капацитет на производство од околу 5 мегавати. Според регистарот на агенцијата, Гечев е еден од најголемите инвеститори во земјата кога станува збор за изградба на капацитети за производство на електрична енергија од обновливи извори.

Македонскиот стопанственик  е првиот македонски милијардер, според ранг листата на најбогати луѓе во регионот што ја објави српски „Недељник“ во новогодишниот двоброј. Гечев и неговата ИГМ „Трејд“ имаат проценето богатство од  1,054 милијарди евра. Ова е прв пат некој бизнисмен од Македонија да ја надмине границата од милијарда евра.

Списокот не покажува колку пари имаат бизнисмените на сметките, туку колку вредат нивните компании и колку пари потенцијално би можеле да добијат доколку ги продадат денеска, објасни тогаш бизнис неделникот.

Гечев е еден од најголемите производители на челични и заварени цевки и профили во Југоистична Европа. Фабриката во Кавадарци е извозно ориентирана компанија, на која 95 отсто од вкупната продажба и е надвор од државата, на пазарите на ЕУ и ЦЕФТА.

А.К.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Сопруг на наставничка и се заканувал на директорката зошто жена

09/04/2026
Македонија

АГЕНЦИЈАТА ЗА ЗАШТИТА НА ПОДАТОЦИ ТВРДИ ДЕКА ОДГОВОРИЛА НА ПРАШАЊАТА

09/04/2026
Македонија

Од сонце и 23 степени до дожд и грмежи: Што

09/04/2026
Македонија

Приведени 14 возачи за безобѕирно управување возило

09/04/2026
Македонија

Автобусите и Жичницата ќе сообраќаат по неделен ред за Велигден

09/04/2026
Македонија

ПРИВЕДЕНИ 9 ЛИЦА ПО МАСОВНА ТЕПАЧКА ВО КИЧЕВО Употребени ножеви

09/04/2026
Македонија

Сведочења на рочиштето за „Пулс“: Инспекторката призна пропусти пред трагедијата

09/04/2026
Македонија

Син го истепал татка си во Штип!

09/04/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42307
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Сопруг на наставничка и се заканувал на директорката зошто жена му имала фалсификувана диплома, и

09/04/2026

На 08.04.2026 во 15:40 часот во СВР Скопје, 34-годишна жена од скопско пријави дека од  декември 2025 година до денот

АГЕНЦИЈАТА ЗА ЗАШТИТА НА ПОДАТОЦИ ТВРДИ ДЕКА ОДГОВОРИЛА НА ПРАШАЊАТА Доставила комплетен одговор за видео

09/04/2026

Агенцијата за заштита на личните податоци (АЗЛП) тврди дека одговорила на прашањата од порталот А1он.мк во врска со статијата „Директорот

Од сонце и 23 степени до дожд и грмежи: Што нè очекува за Велигден?

09/04/2026

Подгответе се за вистинско пролетно променливо време за претстојните празнични денови, кое ќе ни донесе комбинација од сонце, ветер и

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy