
На Американките им требаа 120 минути да ја победат Германија за финале на ОИ (ВИДЕО)
Американките беа поактивни, почесто се обидуваа да дојдат до водство, но во регуларниот тек од мечот мрежите мируваа, па се премина на две продолженија од по 15 минути.
А, во нив беа потребни само пет минути за да биде постигнат гол, Смит реализираше за водство на САД од 1-0, тоа беше и конечен резултат.
Американките во финалето ќе играат со победникот од дуелот меѓу Бразил и Шпанија.
