Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 МЗШВ: Земјоделците добиваат ефективен советодавен систем по европски терк, за навремено информирање со сите можности и мерки што им се ставаат на располагање за модернизација на сопственото производство
Македонија

МЗШВ: Земјоделците добиваат ефективен советодавен систем по европски терк, за навремено информирање со сите можности и мерки што им се ставаат на располагање за модернизација на сопственото производство

13/12/2023

AA

Собранието на Република Северна Македонија го усвои Законот за советодавни услуги во земјоделството и руралниот развој, предлог на министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Значајна реформа која придонесува за уште поголема поддршка во развојот на македонското земјоделство и руралните заедници.

Преку овој закон за советодавни услуги, создаваме можност за професионализација на советодавните услуги, воспоставувајќи систем, преку кој на земјоделците директно им се доближат знаењето, вештините и искуствата за најновите практики и технологии што се применуваат во земјоделското производство, а кои директно треба да влијаат во тоа да како држава имаме одржливо и конкурентно земјоделско производство, по европски терк.

Новиот закон за советодавни услуги во земјоделството и руралниот развој е усогласен со регулативите на Европската Унија. Неговата поставена цел е создавање ефективен и структуриран систем за обезбедување на квалитетни совети и информации на нашите земјоделци. Земјоделците сега ќе можат да се консултираат со стручни лица во областа на земјоделството и руралниот развој за сите текови во својата работа. Редовно да бидат запознаени со сите нови мерки и можности кои им се ставаат на располагање, креирани од министерството или пак други организации и институции, кои даваат финасиска поддршка во развој на земјоделството и руралниот развој.

Посебно важна цел на ова законско решение е структурално и организационо подобрување на постоечкиот советодавен концепт. Пропишувајќи ги видовите и типовите на советници, програмите и видот на обуките низ кои треба да поминат, условите кои ќе треба да ги исполнат за да бидат регистрирани потенцијалните даватели на советодавни услуги ќе се постигне поголема конкурентност, подобар квалитет и зајакнување на капацитетите на давателите на советодавни услуги.

Со новиот закон, министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство треба да воспостави Регистар на даватели на советодавни услуги, јавно достапен за сите земјоделски стопанства, на тој начин олеснувајќи им го пристапот до советник со специфична стручност за одредена област, во зависност од типот на производство.

Понатаму ова законско решение дава основа за формирање на Системот за знаење и иновации во земјоделството, познат како АКИС, кој во моментов е главна стратешка област за развој во Европската Унија. Воведувајќи го овој систем ќе бидеме првата држава во регонот која успешно го има воспоставено овој важен систем за поддршка на земјоделците.

Целиот Советодавен систем во земјоделството и руралниот развој и неговото функционирање, ќе биде надгледуван и помаган од Советот за мониторинг и координација, составен од експертска група на членови номинирани од над 20 институции и организации, кои се идентификувани како клучен дел од Системот.

Подготовката на овој значаен закон ја работевме транспарентно и инклузивно. Изминатите две години, посебна експертска група формирана од министерот Љупчо Николовски, со помош од Европската Унија преку проектот за модернизација на советодавните услуги во земјоделството, интензивно работеше на сите потребни подготовки за изработка на овој закон. При креирањето вклучени беа и земјоделците, преку повеќе јавни презентации одржани заедно со Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството, директно на терен земјоделците беа запознаени со концептот и можностите што овој закон им ги става на располагање.

Земјоделството и руралниот развој се клучен сектор за државата. Како министерство и Влада, остануваме посветени во нашата работа за подобрување и развивање на македонското земјоделство, подобрување на условите во руралните средини и развој на руралниот туризам.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Метео аларм: Силен ветер долж Повардарието со над 60 км/ч

12/04/2026
Македонија

Обид за опожарување на Еврејската заедница и синагогата во Скопје

12/04/2026
Македонија

ЈАНЕЗ ЈАНША ВО ЖЕСТОК ДУЕЛ СО МАКЕДОНКАТА СТОЈМЕНОВА ДУХ Кој

12/04/2026
Македонија

5 ВОЗАЧИ ДИВЕЕЛЕ НА ПАТИШТАТА Фатени за безобѕирно возење, без

12/04/2026
Македонија

ЦИКЛОНОТ ОД ЏЕНОВА ЌЕ ДОНЕСЕ ПРОМЕНЛИВО ВРЕМЕ По празниците нè

12/04/2026
Македонија

МЕРКАТА ЗА САМОВРАБОТУВАЊЕ ВО ПОДЕМ КАЈ МЛАДИТЕ Речиси 1.900 бизниси

12/04/2026
Македонија

ПУКАЛ ВО НОЌТА КОН ВОЗИЛО НА КУМАНОВЕЦ Во Кратовско приведен

12/04/2026
Македонија

Уапсено уште едно лице откако полиција пронашла повредено куче од

12/04/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42414
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Метео аларм: Силен ветер долж Повардарието со над 60 км/ч

12/04/2026

За утре (13 април 2026 година) е издадено метеоролошко предупредување поради најава за засилени воздушни струења и силен ветер во

Обид за опожарување на Еврејската заедница и синагогата во Скопје

12/04/2026

Еврејската заедница во Македонија вечерва излезе со шокантна информација дека во текот на денешниот ден (12 април) бил извршен обид

ЈАНЕЗ ЈАНША ВО ЖЕСТОК ДУЕЛ СО МАКЕДОНКАТА СТОЈМЕНОВА ДУХ Кој последен ќе се смее?

12/04/2026

„Една голема шега“. Со оваа кратка, но остра оценка Емилија Стојменова Дух ја опиша актуелната политичка сцена во Словенија, отворајќи

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy