Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 МЖСПП ќе направат проверки и контроли за точно да се утврдува што се случува во депонијата „Дрисла“, најави Ковачевски
Македонија

МЖСПП ќе направат проверки и контроли за точно да се утврдува што се случува во депонијата „Дрисла“, најави Ковачевски

15/09/2023

AA

Премиерот Димитар Ковачевски истакна дека Владата не управува со депонијата „Дрисла“, туку Градот Скопје, но потенцира дека уште денеска ќе разговара со министерката за животна средина и просторно планирање Каја Шукова и ресорното Министерство да ги направат контролите и проверите за точно да се утврди што се случува во депонијата.

-Точно е дека Владата не управува со Дрисла. Тоа е комунално претпријатие во рамки на Градот Скопје. Она што Владата може да го направи заради граѓаните на Градот Скопје и на било кој друг надвор од државата, тоа државата ќе го направи. Откако ги добив овие информации, јас планирам уште денеска да имам разговор со министерката за животна средина и во рамки на можностите на МЖСПП тие да ги направат своите проверки и контроли, за да се утврди што точно се случува, рече Ковачевски одговарајќи на новинарско прашање на Скопскиот економски и финансиски форум „SEFF 2023“.

Што се однесува до поддршката на општините, тој потенцира дека како Влада не ги делат општините по тоа кој ги управува со оглед на политиката партија од која доаѓа.

-Ние како Влада докажавме и покажавме со дела дека не ги делиме општините на тоа кој ги управува со оглед на политиката партија од која доаѓа. Тоа може да го видите и во моите настапи и активности кои што ги имам. Ние веќе работиме на привршување на проектот на мостот Љубљанска во Скопје, на реката Вардар којшто го финансира државата. Веќе привршуваат и добро се одвиваат работите на клучката кај Момин поток, која што поврзува значајни делови и сообраќајници во Скопје. Имаме пуштање на неколку градинки во Скопје, рече Ковачевски.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

СОНЦЕ, СЕВЕРЕН ВЕТЕР И СТУДЕНИ УТРА Живата во термометрите до

30/09/2026
Македонија

СОНЦЕ, СЕВЕРЕН ВЕТЕР И СТУДЕНИ УТРИНА Живата во термометрите до

30/09/2026
Македонија

150 МИЛИОНИ ЕВРА ОД ЕУ ЗА ЖЕЛЕЗНИЦАТА КОН БУГАРИЈА Николоски

30/09/2026
Македонија

МАКЕДОНИЈА ПРЕДНИЧИ ВО ЕВРОПСКИТЕ РЕФОРМИ Левков вели дека актуелниот парламентарен

30/09/2026
Македонија

ВОДОВОДНАТА МРЕЖА ВО БИТОЛА ВЛЕГУВА ВО НОВА ФАЗА Се реконструира

30/09/2026
Македонија

ГОЛЕМА ПОЛИЦИСКА АКЦИЈА НИЗ ДРЖАВАТА Се сузбива трговија со дрога,

30/09/2026
Македонија

СУДИИТЕ ЗИМБОВСКА И ГЕРАСИМОВСКИ ВО ТРКА ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА АПЕЛАЦИЈА

30/09/2026
Македонија

СДСМ ГИ САБОТИРА ИЗМЕНИТЕ НА ИЗБОРНОТО ЗАКОНОДАВСТВО Милошоски ја повикува

30/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45903
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

СОНЦЕ, СЕВЕРЕН ВЕТЕР И СТУДЕНИ УТРА Живата во термометрите до 26 степени во Гевгелија

30/09/2026

Утринските часови ќе бидат ведри и постудени, а во текот на денот времето ќе биде сончево. Ќе дува слаб до

СОНЦЕ, СЕВЕРЕН ВЕТЕР И СТУДЕНИ УТРИНА Живата во термометрите до 26 степени во Гевгелија

30/09/2026

Утринските часови ќе бидат ведри и постудени, а во текот на денот времето ќе биде сончево. Ќе дува слаб до

150 МИЛИОНИ ЕВРА ОД ЕУ ЗА ЖЕЛЕЗНИЦАТА КОН БУГАРИЈА Николоски во Брисел за големите инфраструктурни

30/09/2026

Заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, е во дводневна работна посета на Брисел, каде што учествува на

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy