
МВР во еден ден кази 700 возачи кои возеле со недозволена брзина
Министерството за внатрешни работи спроведе акциска контрола на територијата на Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 700 возачи во текот на вчерашниот ден.
Од нив, 82 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а 10 возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина.
Притоа, 331 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 369 надвор од населено место.
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.

