Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 МВР со предупредување: Внимавајте, лажни електронски пораки се испраќаат во име на МВР, станува збор за обид за измама во меѓународни рамки
Македонија

МВР со предупредување: Внимавајте, лажни електронски пораки се испраќаат во име на МВР, станува збор за обид за измама во меѓународни рамки

13/02/2023

AA

Во однос на пристигнати пријави од граѓани за добиенa електронска порака наводно во име на министерот за внатрешни работи, во соработка со полициската канцеларија на Европол, во која во вид на повик за појавување во суд од страна на Сектор за прекршоци, примачот на пораката се известува дека е предмет на наводни правни постапки за низа измислени кривични дела, кои ги нема сторено, МВР ги известува граѓаните дека станува збор за лажна порака која не е испратена од страна на МВР, ниту од било која институција за спроведување на законот.

Притоа, во испратените мејлови, примачот на пораката се повикува да го контактира испраќачот преку Вибер линк. Овие електронски пораки се класичен обид за измама во кој целта на измамниците е да дојдат до личните податоци на испраќачот со цел нивна понатамошна злоупотреба. Затоа апелираме на посебно внимание, овие пораки да не се отвораат, а уште помалку да се контактира испраќачот преку доставениот линк и да се споделуваат личните податоци кои ќе ви бидат побарани.
Исто така, предупредуваме да не ги отворате линковите и датотеките кои се испратени во прилог на е-мејл пораката која доаѓа од непознат испраќач, со цел заштита на вашиот компјутерски систем од малициозен софтвер.

Воедно, информираме дека ваквите обиди за измама се со меѓународен предзнак, имајќи предвид дека електронски пораки со слична содржина во изминатиот период беа испраќани и на граѓани во земјите од регионот.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Следува разладување: По жештините доаѓаат дожд, грмежи и невреме

28/06/2026
Македонија

Обвинителство: Насилна е смртта на жената од Таор, поранешниот сопруг

28/06/2026
Македонија

Убиство на жена во Скопје: Четири лица приведени!

28/06/2026
Македонија

Ѓоковиќ со честитка за Лина Ѓорческа: Наскоро сакам да ја

28/06/2026
Македонија

Приведени двајца возачи затоа што возеле во спротивен правец на

28/06/2026
Македонија

Денес до 38 степени: Македонија под силен топлотен бран

28/06/2026
Македонија

Ги оставала децата да спијат во автомобил додека била на

28/06/2026
Македонија

Продолжува сообраќајниот колапс на „Богородица“: Се чека и до четири

28/06/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 43999
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Следува разладување: По жештините доаѓаат дожд, грмежи и невреме

28/06/2026

Сончево и топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од источен правец. Максималната температура ќе

Обвинителство: Насилна е смртта на жената од Таор, поранешниот сопруг осомничен за убиство!

28/06/2026

Основното јавно обвинителство Скопје потврди дека смртта на жената чие тело беше пронајдено во близина на селото Летевци е насилна.

Убиство на жена во Скопје: Четири лица приведени!

28/06/2026

Полицијата приведе четири лица во рамки на истрагата за смртта на 48-годишна жена, чие тело било пронајдено во близина на

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy