
МВР со детали, дојави за бомби има во Скопје и Куманово
Денеска (28.10.2025) околу 18:00 часот, во Секторите за внатрешни работи во Скопје и Куманово, пристигнале пријави за закани во повеќе образовни институции.
Според официјалните информации, на емаил адресите во неколку основни училишта пристигнати се пораки во кои се упатува закана за поставени експлозивни направи во објектите.
Од Министерството за внатрешни работи информираат дека веднаш по добиените пријави, преземени се соодветни мерки.
„Во тек се проверки од страна на полициски службеници“, се вели во краткото известување од МВР.
Повеќе детали за резултатите од проверките се очекуваат во текот на вечерта.
