Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Музејот на Народната банка отворен за јавноста: најстарата монета датира од V век пр. н. е.
Македонија

Музејот на Народната банка отворен за јавноста: најстарата монета датира од V век пр. н. е.

10/07/2023

AA

Музејот на Народната банка со својата постојана поставка повторно е отворен за јавноста. Со околу 23.000 монети од различни историски епохи, започнувајќи од почетокот на V век пр. н. е. до денес, Музејот на Народната банка располага со најголемата јавна нумизматичка збирка во државата.

На простор од 240 м2 се изложени околу 1000 монети од збирката на Музејот, распоредени во 36 витрини. При осмислувањето на постојаната музејска поставка, акцентот e ставен на развојот на монетарните системи и нивните стандарди во општествата коишто оставиле свој белег во историјата на државата. Општествените и културните збиднувања, коишто се одразиле врз иконографијата и дизајнот на парите, исто така имаат свое место во Музејот. Следејќи ги светските трендови поврзани со улогата на централните банки во грижата за сопственото културно наследство, Народната банка во 1999 година започна со откуп на стари и ретки пари од нашите почва преку кој ја изгради денешната единствена збирка. Влегувајќи во ова поле на музејска дејност, Народната банка денес е еден од столбовите во заштитата на движното културно наследство.

Влезот за посетителите е бесплатен, секој работен ден од 9 до 15 часот, а достапни се и групни посети со закажување однапред. Повеќе информации за посета на Музејот се достапни на следнава врска: https://www.nbrm.mk/poseta-na-muzejot.nspx.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

📷 ВМРО-ДПМНЕ ИЗБРА НОВИ ПРЕТСЕДАТЕЛИ НА ПАРТИСКИ КОМИСИИ Клековски, Тошковски

10/02/2026
Македонија

СТУДЕНТСКИ МАКИ ВО ОХРИД: Студентскиот дом „Никола Карев“ веќе 12

09/02/2026
Македонија

ЌЕ ДУВА ЈУГОИСТОЧЕН ВЕТЕР Дождот ќе преминува во снег на

09/02/2026
Македонија

УСТАВОТ НЕ СЕ ТОЛКУВА ПО ЛИЧНА ПРОЦЕНКА ИЛИ ВПЕЧАТОК Филков

09/02/2026
Македонија

ПРАВО Е НА СИНДИКАТИТЕ ДА ПРОТЕСТИРААТ Владата веќе склучи историски

09/02/2026
Македонија

„Го слушаме гласот на членството“: Мицкоски најави големи кадровски промени

09/02/2026
Македонија

МАЈКА ТЕРЕЗА СТАНУВА ЗАШТИТНИЧКА НА КАЛКУТА: Архиепископијата ѝ оддава чест

09/02/2026
Македонија

„Стоматологот да не толкува право“: Филков му врати на Сали

09/02/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 41261
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

📷 ВМРО-ДПМНЕ ИЗБРА НОВИ ПРЕТСЕДАТЕЛИ НА ПАРТИСКИ КОМИСИИ Клековски, Тошковски и Перински добија клучни улоги

10/02/2026

Новиот Извршен комитет на ВМРО-ДПМНЕ вечерва на редоцна седница избра повеќе претседатели на партиски комисии, при што за претседател на

СТУДЕНТСКИ МАКИ ВО ОХРИД: Студентскиот дом „Никола Карев“ веќе 12 часа без струја

09/02/2026

Студентите сместени во државниот студентски дом „Никола Карев“ во Охрид веќе повеќе од 12 часа се оставени во информативен и

ЌЕ ДУВА ЈУГОИСТОЧЕН ВЕТЕР Дождот ќе преминува во снег на планините

09/02/2026

Времето во вторник, 10 февруари, ќе биде променливо облачно со услови за повремени слаби врнежи од дожд. Претпладне, врнежите од

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy