Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Мурал во Австралија за исчезнатата македонка Гордана Котевски – сè уште важи наградата од 1 милион долари за информации
Македонија

Мурал во Австралија за исчезнатата македонка Гордана Котевски – сè уште важи наградата од 1 милион долари за информации

20/07/2025

AA

На ѕидот на трговскиот центар во Кардиф, Нов Јужен Велс, Австралија, беше откриен 26-метарски мурал посветен на Гордана Котевски – македонката која исчезна во 1994 година на 16-годишна возраст. И покрај поминати 30 години, надежта не згаснува – и понатаму е активна награда од 1 милион австралиски долари за информации што би довеле до апсење и осуда на одговорниот за нејзиното исчезнување.

Гордана беше последен пат видена во Чарлстаун, како насилно била внесена во автомобил додека одевала кон домот на нејзината тетка, по посетата на шопинг-центарот.

Нејзината мајка, Пеги Котевски, со мешавина од тага и благодарност присуствуваше на откривањето на муралот.

„Прекрасен е муралот, но за една мајка, ова е тежок ден. Би сакала да ја имам во живо, а не на ѕид,“ изјави Пеги. „Минати се 30 години, но за нас тоа беше како вчера. Никогаш не се преболува.“

Сестрaта на Гордана, Каролина, исто така ја посети локацијата и откри дека со години ја поврзува сеќавањето на нејзината сестра со појавата на пеперутки.

„Секојпат кога мислев на неа или кажував тивка молитва, некако се појавуваше пеперутка. Затоа тие се дел од муралот,“ рече Каролина.

Муралот, кој беше финансиран преку заедницата, го наслика уметникот Рубен „Рубз“ Ботвуд во соработка со семејството. Тој истакна дека му е чест да работи на вакви емотивни проекти кои имаат значење за локалната заедница.

Полицијата од Нов Јужен Велс продолжува да работи на случајот преку специјалната истражна единица „Strike Force Arapaima“, основана во 2019 година. Истрагата ги опфаќа и исчезнувањата на уште две девојчиња од областа Лејк Маквари, кои исчезнале во истиот период.

„Сè уште има пет детективи кои работат на случајот. Се надевам дека некој ќе има храброст да проговори ако знае нешто. Сè уште важи понудата за награда,“ вели Пеги.

Семејството останува благодарно на сите кои придонесоа за создавањето на муралот – како симбол на љубов, надеж и борбата за вистината што трае веќе три децении.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Забранета водата за пиење во велешките села Иванковци и Кумарино

24/08/2026
Македонија

21 пожари низ Македонија, активни 7

24/08/2026
Македонија

Приведен 71-годишен скопјанец во Охрид: Агресивно се однесувал и испрскал

24/08/2026
Македонија

Метеоаларм за денес: Пороен дожд, грмежи и засилен ветер

24/08/2026
Македонија

Петок неработен ден за православните верници

24/08/2026
Македонија

ИСЧЕЗНА 83-ГОДИШЕН СКОПЈАНЕЦ: Трајан последен пат виден во Кисела Вода

24/08/2026
Македонија

Шестгодишно дете тешко повредено во Тетово, таткото го прегазил со

24/08/2026
Македонија

Порибување на Охридското Езеро: Два милиони пастрмка коран пуштени кај

24/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45223
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Забранета водата за пиење во велешките села Иванковци и Кумарино

24/08/2026

Жителите на велешките села Иванковци и Кумарино не смеат да ја користат водата од селските водоводи за пиење, соопштија денеска

21 пожари низ Македонија, активни 7

24/08/2026

На ден 24.08.2026 година, до 18:30 часот, регистрирани се вкупно 21 пожар на отворен простор, од кои 7 се активни,

Приведен 71-годишен скопјанец во Охрид: Агресивно се однесувал и испрскал лица со запалива течност

24/08/2026

На 23.08.2026 во 18:30 часот на Плоштад „Крушевска Република“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишија од слобода

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy