МУНИЦИЈА ЗА ИЗРАЕЛ СО МАКЕДОНСКИ КАМИОН СТИГНА ВО ГРЦИЈА: Пристанишните работници ја блокираа пратката
Муниција за Израел со македонски камион стигна во Грција.
Десетици членови на грчкиот синдикат на пристанишни работници го блокираа товарењето на контејнери со муниција наменети за Израел во пристаништето Пиреја, во знак на протест против војната во Газа, изјавија денеска за Ројтерс претставници на крајбрежната стража и синдикатот.
Контејнерот, кој пристигна во Пиреја, главното пристаниште на градот Атина и Грција, содржеше 21 тон муниција, изјави еден од синдикалците за Ројтерс кој сакаше да остане анонимен.
Товарот бил транспортиран со камион од Македонија и требало да биде натоварен на брод со знаме на Маршалските Острови, кој пловел за Израел.
Синдикатот на пристанишните работници претходно ги повика членовите да протестираат и да ја блокираат испораката на оружје и муниција наменети за израелската војна во Газа.