Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 МРСАТ МУСТАЌ АКЦИОНЕРИТЕ НА СКОПСКАТА ЦЕМЕНТАРНИЦА УСЈЕ – еве колку милиони евра како дивиденда ќе „ќари“ главниот, Титан Цемент
Економија

МРСАТ МУСТАЌ АКЦИОНЕРИТЕ НА СКОПСКАТА ЦЕМЕНТАРНИЦА УСЈЕ – еве колку милиони евра како дивиденда ќе „ќари“ главниот, Титан Цемент

17/05/2023

AA

Акционерите на скопската Цементарница УСЈЕ имаат причини зошто да го
отворат шампањското. Ова особено важи за доминантниот акционер Титан Цемент,
практично фирмата мајка на оваа наша компанија, која поседува дури 95 проценти
од акциите на скопската цементарница.

Практично, компанијата вчера преку Берзата ја извести инвеститорската
јавност дека ќе дели дивиденда, во која ќе влезе и значаен дел од добивката што е реализирана минатата година, како и дел од профитот што бил остварен во 2021
година и бил наменет за реинвестирање, но не се искористил за таа намена.

Или, се на се, Цементарницата УСЈЕ објави дека ќе дели дивиденда во вкупен
износ од 11,67 милиони евра, што практично значи бруто износ на дивиденда од
1.273 денари по акција.

Компанијата лани, како што е познато, оствари добивка од 16,74 милиони
евра, што, за волја на вистината, е за 13 отсто пониска во споредба со
профитот кој успеа да го реализира во 2021 година, на износ од 19,15 милиони
евра. Но, мора да се има предвид дека овој профит од близу 17 милиони евра за
УСЈЕ е одличен резултат, ако се има предвид дека 2022 година беше кризна
година, со огромни цени на енергенсите и висока инфлација, како и намалување на
јавните градежни инвестиции порадуи руско-украинскиот конфликт, што ја намали и
продажбата на компанијата. Сепак, оттаму во своите извештаи објаснуваат дека
успеале да ја задржат профитабилноста, што всушност го покажува и солидната
добивка.

Од вкупно 16,7 милиони евра добивка остварена лани, Собранието на акционери
на УСЈЕ одлучило дека како дивиденда ќе се распределат 10,24 милиони евра.
Додека, пак, ќе се реинвестира останатиот дел од добивката на сума од 6,5
милиони евра. Покрај ланската добивка, за дивиденда ќе се искористи и дел од добивка од
2021 година, која требало да се реинвестира, но не се искористило за таа цел,
па така сега се додаваат уште 1,43 милиони евра неискористена реинвестирана
добивка од претходната година.

Или прецизно, УСЈЕ ќе дели дивиденда од вкупно 11,67 милиони евра. Тоа
значи дека за секоја акција акционерите на таа компанија ќе добијат по 1.273
денари.

Ако се има предвид дека доминантен акционер на УСЈЕ е Титан Цемент
Холандија, кој поседува дури 95 отсто од акциите на нашата цементарница, или
прецизно 535.596 акции, тоа значи дека овој странски акционер годинава ќе
„ќари“ во форма на дивиденда одлична сума од 11,1 милиони евра. Практично,
толку добива странскиот акционер од работењето во нашата држава.

Но, да видиме каде ќе завршат оние 5 отсто од дивидендата што ќе се дели,
или сума од 580 илјади евра, кои нема да му припаднат на Титан Цемент.

Имено, акционери на УСЈЕ се и 238 македонски граѓани, односно домашни
физички лица, кои располагаат со 26.638 акции, или 4,72 отсто од акционерскиот
капитал на компанијата. Однодно, овие 238 домашни акционери ќе земат вкупно 551
илјади евра.

Има и 4 домашни фирми, или правни лица, кои се акционери на УСЈ, и
поседуваат 1.530 акции, кои ќе им донесат 32 илјади евра вкупно.

И три странски физички лица имаат акции во скопската цементарница, но
нивниот финансиски бенефит е многу мал бидејќи имаат само малку акции.

Од компанијата известуваат и дека исплатата на дивидендата ќе се изврши
најдоцна до 30 септември годинава. Последен ден на тргување со право на дивиденда за 2022 година е 30 мај
годинава, додека последен ден на тргување без право на дивиденда за 2022 година
е 31 мај оваа година. 
 Датум на евиденција според кој се
определува листата на акционери кои имаат право да добијат дивиденда, е први
јуни оваа година.

Н.Н.Ф.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Горан Митков го освои грузискиот врв Казбег висок 5.054 метри

16/08/2026
Македонија

Масовна тепачка во Кочани, приведени неколку лица

16/08/2026
Македонија

Бугарија врати 11,6 тони македонски пиперки поради пестицид

16/08/2026
Македонија

Тетовец осомничен за загрозување на сигурноста на сопругата и ќерката

16/08/2026
Македонија

Избувна пожар над село Вражале: Екипите се на терен, за

16/08/2026
Македонија

Националниот парк „Пелистер“ ги поврзува Големо Езеро и Брајчино преку

16/08/2026
Македонија

Ангелов: Монтиравме базен до реката Треска за хеликоптерот да истура

16/08/2026
Македонија

Малолетници нападнале и му се заканувале на малолетник во Градски

16/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45056
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Горан Митков го освои грузискиот врв Казбег висок 5.054 метри

16/08/2026

Нов голем успех за македонското планинарство, Горан Митков, член на СПД „Пробиштип“, успешно се искачи на врвот Казбег во Грузија,

Масовна тепачка во Кочани, приведени неколку лица

16/08/2026

Четири лица се приведени бидејќи вчера го нарушиле јавниот ред и мир во Кочани. Тие се степале на улицата „Теодосија

Бугарија врати 11,6 тони македонски пиперки поради пестицид

16/08/2026

Бугарските власти вратиле пратка од 11,6 тони пиперки од Македонија, откако лабораториските анализи покажале присуство на пестицидот форметанат над дозволената

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy