
Можеше да биде сериозно: Тиафо со топче го удри ривалот директно во – глава (ВИДЕО)
Тенисерот од САД во еден од поените имаше „зицер“ со оглед што ја прими топката за неодбранлив форхенд, но од целиот отворен терен, во кој можеше да бира каде да ја испрати топката, го удри противникот во глава.
Тој веднаш му се извини на Канаѓанецот, а за среќа ударот не беше силен, бидејќи да беше ќе можеше сериозно да го повреди ривалот.

