Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Монтана го забрани Тик Ток – наскоро целата земја би можела да го стори тоа
Македонија

Монтана го забрани Тик Ток – наскоро целата земја би можела да го стори тоа

15/04/2023

AA

Американската држава Монтана вчера усвои предлог-закон за забрана на TikTok, кој ќе биде тешко да се спроведе во сегашната форма, но може да ја зголеми подготвеноста на САД еднаш засекогаш да ја забранат популарната платформа на кинеската група ByteDance. Законот SB419, прифатен со 54 гласа (43 беа против), треба да го потпише републиканскиот гувернер на таа држава на северозапад од земјата, која има нешто повеќе од милион жители.

Како и многу демократски и републикански членови на американскиот Конгрес, претставниците на Монтана мислат дека платформата на кратки и забавни видеа, посетени од 150 милиони Американци, му дозволува на Пекинг да шпионира и манипулира со корисниците. Текстот им наредува на продавниците за мобилни апликации (Apple и Google) да престанат да дистрибуираат TikTok од 1 јануари 2024 година.

Така, Монтана стана првата американска држава што донесе закон за забрана на TikTok. Но, тоа секако ќе биде оспорено на суд и мали се шансите да се примени во сегашната форма.

„Судот ќе одлучи за уставноста на текстот. Ја продолжуваме борбата за корисниците и креаторите на TikTok во Монтана“, изјави официјален претставник на апликацијата пред гласањето. TikTok со години ги негираше обвинувањата за шпионажа за Кина.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Алиу ги разрешува дилемите во јавноста: Модуларните сали од Клинички

18/06/2026
Македонија

Над 340 граѓани побарале помош преку „Отворениот кабинет“ на Министерството

18/06/2026
Македонија

Алиу: Спас за донацијата од 500.000 долари за хемофиличарите –

18/06/2026
Македонија

Алиу ја открива визијата за Новиот клинички центар: „8 Септември“

18/06/2026
Македонија

Алиу: Системот со отпечатоци од прст е поевтин чекор, срамота

18/06/2026
Македонија

Алиу: Здравствениот систем нема да се креира според желби на

18/06/2026
Македонија

Алиу најавува воведување парамедици во Итната помош и целосна заштита

18/06/2026
Македонија

Алиу најавува револуција во Итната помош: Посебна институција, 100 нови

18/06/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 43815
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Израел и Иран официјално потврдија дека го прифаќаат прекинот на огнот

24/06/2025

Израел и Иран денес официјално потврдија дека го прифатиле договорот за примирје предложен од американскиот претседател Доналд Трамп, со цел

Катар го осуди иранскиот ракетен напад врз американска база

23/06/2025

Катар остро го осуди иранскиот ракетен напад врз американската воздухопловна база Ал-Удеид, оценувајќи го како груби кршење на суверенитетот и

Нема причинa да ги критикуваме Израел и САД за нападот врз Иран

23/06/2025

Германскиот канцелар Фридрих Мерц изјави дека нема причина да ги критикува нападите на Израел и САД врз Иран. „Нема причина

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy