Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 МОНОПОЛОТ ОСТАНУВА, НО ТРЕБА ДА ВОВЕДАТ НОВИНИ – Агенција за пошти со барања до државна Пошта, но и контроли кај приватните оператори
Економија

МОНОПОЛОТ ОСТАНУВА, НО ТРЕБА ДА ВОВЕДАТ НОВИНИ – Агенција за пошти со барања до државна Пошта, но и контроли кај приватните оператори

07/03/2025

AA

По бројните
одлагања, целосната либерализација на поштенскиот пазар во Македонија повторно
е одложена, овој пат се до влез на нашата земја во Европската унија.
Истовремено,
Агенцијата за пошта бара од АД Пошта да формира класи со кои ќе се дефинираат
разликите меѓу различни писма или пратки кои се испраќаат преку државната
компанија со цел подобрување на услугите кои ги обезбедува.

– 
Во однос
на планираната либерализација на поштенскиот пазар, која требаше да се случи на
01.01.2025 година, односно укинување на ценовниот монопол на АД Пошта на
Северна Македонија, истата беше повторно одложена со донесување на измена на
Законот за изменување на Законот за поштенските услуги. Со оваа измена,
либерализацијата е одложена до денот на пристапување на Македонија во
Европската унија
– укажуваат од Агенцијата за пошти во нивниот годишен извештај.

Притоа нагласуваат
дека со оваа измена продолжува да важи ценовниот монопол за поштенските услуги
за пратките за коресподенција и пратките со директна пошта, со тежина до 50
грама, воспоставен со закон во корист на давателот на универзалната услуга Ад
Пошта.

– Во
рамки на надлежноста да ја следи и анализира ефикасноста на универзалната
услуга и нејзината финансиска одржливост, но и да врши евалуација,
прилагодување и усогласување на регулаторните мерки, Агенцијата го реобнови
барањето до АД Пошта за дефинирање на класи на пошта во домашен сообраќај –
велат од Агенцијата.

Нагласуваат дека
им укажале дека по однос на брзината или времето потребно за услугата од
почетокот до крај, за писма и за пакети, АД Пошта нема дефинирано стандардни
класи на поштенски услуги.

Појаснуваат дека од
АД Пошта уште во 2022 година било побарано давателот на универзална услуга да
ги разграничи услугите според критериум брзина или време потребно за услугата
од почеток до крај,
и така да ги обезбедува со јасно дефинирани карактеристики,
односно да дефинира прва класа, стандардна класа, приоритетни, не приоритетни,
со различни брзини и слично.

– Бидејќи
такво нешто не се случи ни во текот на изминатите години, поттикнати од слабиот
учинок и ниското ниво на квалитет на испорачана услуга за писма од меѓународен
сообраќај во доаѓање, 2,6 отсто е исполнувањето на зададен таргет – 75 проценти
од писмата од увоз да стасаат во дефинираното време – идентично како што е
уредено за домашните писма, според мерењето извршено од Светскиот поштенски
сојуз, Агенцијата за пошта ја задолжи АД Пошта веднаш и без одлагање да
дефинира класи на поштенски услуги за писма во внатрешен сообраќај според
критериум брзина – време потребно за услугата од почетокот до крај на внатрешен
сообраќај и писмено да го извести регулаторот
. Постапката продолжува во текот
на годината – потенцираат од Агенцијата.

Воедно укажуваат
дека биле направени редовни и вонредни контроли кај двајца оператори по две
пријави од јули 2024 година упатени до Агенција, од страна на АД Пошта која приговарала
поради нелојална конкуренција
со неовластено користење на UPU поштенски обрасци при размена на поштенски пратки
кои доаѓаат во државата од меѓународен сообраќај, и барала надзор над двата
даватели на поштенски услуги.

– Наводите
беа испитувани во две постапки согласно надлежностите за следење и мониторинг
на пазарот, развој на конкуренцијата и усогласеност на работата.. Агенција претходно
март 2024 година кога во Македонија започна интензивен увоз на пратки од
кинески е-платформи, по службена должност започна постапки за двајца приватни
даватели на поштенски услуги
. Спроведени се контроли и кај давателите на
услуги, и констатирано е дека пратките во доаѓање во државата влегуваат одбележани
од страна на унгарскиот национален оператор Маѓар пост, без можност домашниот
приватен оператор да влијае на тоа – појаснуваат регулаторите.

Во интерес на примателите,
Агенцијата го задолжила едниот оператор да става дополнителни ознаки на пратката,
а при дополнителни контроли утврдиле дека вака обележани пратки веќе не
пристигнуваат кај еден од операторите. Воедно утврдиле дека и кај вториот приватен
оператор од септември не стигнуваат пратки со UPU поштенски обрасци, но ќе продолжат со постапката за мониторирање на
приватните оператори. 

П.О.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Политички земјотрес во Србија! Вучиќ призна пораз, студентите се на

25/10/2026
Македонија

🎥 ПОДГОТВЕНИ СМЕ ДА ГО ОЛЕСНИМЕ ДИЈАЛОГОТ СКОПЈЕ – СОФИЈА

25/10/2026
Македонија

ГОЛЕМ ИНТЕРЕС ЗА ГЛАСАЊЕ КАЈ СРПСКИТЕ ДРЖАВЈАНИ ВО МАКЕДОНИЈА Пријавени

25/10/2026
Македонија

ТЕШКА СООБРАЌАЈНА НЕСРЕЌА НА ПАТОТ СТРУМИЦА-РАДОВИШ Загина 58-годишен возач

25/10/2026
Македонија

ДО 12 ЧАСОТ НА ГЛАСАЊЕ ИЗЛЕГЛЕ 5,8% ОД ГЛАСАЧИТЕ Скромен

25/10/2026
Македонија

СЛУЧАЈНО СО ПИШТОЛ ГО РАНИЛ СВОЈОТ ДРУГАР ВО СТОМАКОТ Малолетник

25/10/2026
Македонија

ТРАКТОРСКИ МЕХАНИЗАМ ЈА ПОВЛЕКОЛ ЖЕНАТА ВО НИВА Тешко повредена 46-годишна

25/10/2026
Македонија

ТИНЕЈЏЕР ПРОНАШОЛ И ВРАТИЛ ПАРИЧНИК СО ОКОЛУ 4.000 ЕВРА Пример

25/10/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46363
  • Регион 3998
  • Свет 16
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Политички земјотрес во Србија! Вучиќ призна пораз, студентите се на пат до 140 пратенички места

25/10/2026

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, го призна поразот на неговата политичка опција на вонредните парламентарни избори одржани оваа недела, на

🎥 ПОДГОТВЕНИ СМЕ ДА ГО ОЛЕСНИМЕ ДИЈАЛОГОТ СКОПЈЕ – СОФИЈА Амбасадорот Ле Риголер тврди дека

25/10/2026

Подготвени сме да го олесниме дијалогот меѓу Скопје и Софија, според модалитети кои ќе бидат усогласени со двете страни, вели

ГОЛЕМ ИНТЕРЕС ЗА ГЛАСАЊЕ КАЈ СРПСКИТЕ ДРЖАВЈАНИ ВО МАКЕДОНИЈА Пријавени се 1.438 за гласање во

25/10/2026

Во Македонија 1.438 српски државјани се пријавија за да гласаат на предвремените парламентарните избори во Република Србија. Зголемен е бројот

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy