Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Монетарната политика придонесува за забавување на инфлацијата, банкарскиот сектор е стабилен: Оценка на „Стандард и Пурс“:
Економија

Монетарната политика придонесува за забавување на инфлацијата, банкарскиот сектор е стабилен: Оценка на „Стандард и Пурс“:

29/07/2023

AA

Денарот и натаму е стабилен, а девизните резерви се на соодветното ниво. Монетарната политика којашто ја води Народната банка, како и намалувањето на притисоците од увезените цени, придонесоа за забавување на инфлацијата, за која се очекува дека и понатаму ќе се намалува. Нефункционалните кредити во билансите на банките и натаму се на ниско ниво, додека адекватноста на капиталот во банкарскиот сектор е солидна и стабилна. Ова се накусо дел од оцените на агенцијата за кредитен рејтинг „Стандард и Пурс“, во рамките на извештајот во кој го потврдува кредитниот рејтинг на земјава на ББ- со стабилен изглед.

Во извештајот се наведуваат очекувањата на Агенцијата за понатамошно одржување на  стабилноста на девизниот курс, и покрај предизвиците од надворешното окружување. Воедно, истакнат е и растот на девизните резерви, коишто во јуни 2023 година изнесуваат 4,2 милијарди евра. Како фактори на растот се посочени и интервенциите на Народната банка на домашниот девизен пазар, како и користењето надворешни извори за финансирање на потребите на фискалната политика. Според очекувањата на „Стандард и Пурс“ девизните резерви и натаму се стабилни и ќе останат на потребното ниво.

По достигнувањето на максимумот кон крајот на минатата година, инфлацијата постепено почна да забавува и во јуни се сведе на 9,3%, се наведува од страна на „Стандард и Пурс“. Се очекува дека овој тренд ќе продолжи, како резултат на намалувањето на увозните инфлациски притисоци и затегнувањето на монетарната политика од страна на Народната банка, што е во согласност и со политиката којашто ја води Европската централна банка.

Во извештајот се увидуваат и тековните состојби во банкарскиот систем, со акцент на неговата сигурност и стабилност, што се согледува преку ниското ниво на нефункционалните кредити од само 2,8%, како и солидната и стабилна стапка на адекватноста на капиталот на банките од 18%. Воедно, се истакнуваат и мерките коишто ги презеде Народната банка заради поттикнување на штедењето во домашна валута и намалување на евроизацијата во финансискиот систем, преку промени на стапките на задолжителна резерва на банките.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

📷 НОВИ РОБОТИ И БОМАШКИ ОДЕЛА ЗА СПЕЦИЈАЛЦИТЕ Американска донација

18/02/2026
Македонија

Собранието го избра Гоце Наумовски за уставен судија

18/02/2026
Македонија

ЗХГ бара веднаш да се активира „Безбеден град“ за пронаоѓање

18/02/2026
Македонија

Вчера уапсени шест возачи поради возење без возачка дозвола, со

18/02/2026
Македонија

ЌЕ СЕ НАБАВАТ ЛЕКОВИ ЗА СЛЕДНИТЕ ТРИ ГОДИНИ ОДЕДНАШ Терапија

18/02/2026
Македонија

ВИДЕО Пожар избувна попладнево кај Усје

18/02/2026
Македонија

Кривичен суд определи 48 часа притвор на две лица осомничени

18/02/2026
Македонија

Три пожари за неколку часа во Струмица

18/02/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 41622
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

📷 НОВИ РОБОТИ И БОМАШКИ ОДЕЛА ЗА СПЕЦИЈАЛЦИТЕ Американска донација од милион евра за македонската

18/02/2026

Министерството за внатрешни работи доби донација од околу еден милион евра од Амбасадата на САД, наменета за Единицата за откривање

Собранието го избра Гоце Наумовски за уставен судија

18/02/2026

Собранието денеска избра нов судија на Уставен суд на Република Северна Македонија, откако со 63 гласа „за“, седум „против“ и без

ЗХГ бара веднаш да се активира „Безбеден град“ за пронаоѓање на сторителите што истураат кучиња

18/02/2026

Здружението „Зелен Хуман Град“ предупредува на растечкиот проблем со исфрлање кучиња од други градови во Скопје, кој, според нив, создава

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy