
Монако и Арсенал се договорија – Балогун за 45 милиони евра станува „кнез“
Балогун, кој е дете на Арсенал, а лани блескаше во дресот на Ремс на едногодишниот заем, брзо го сврте вниманието кон себе, но на „Емирати“ за него нема место, па дури и Челси во последниов период се заинтересира за да го купи, но на крај „кнезовите“ постигнаа договор.
Тој беше младински репрезентативец на Англија, но годинава избра за да игра за САД и според последните информации веќе има потппишан петгодишен договор со Монако.
Ситни детали остануваат да се разрешат вечерва со документацијата пред официјалната промоција, a веќе за утре се закажани лекарските прегледи.
