Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Мира Гаќина се повлекува од должноста директорка на музејот
Македонија

Мира Гаќина се повлекува од должноста директорка на музејот

18/10/2023

AA

Музејот на современата уметност – Скопје ја известува јавноста дека
првиот човек на институцијата, Мира Гаќина, по шест години успешно
извршување на должноста директорка на музејот се повлекува од лични
причини.

Мира Гаќина, која на директорската позиција на МСУ беше од средината
на 2017 година, по вокација е историчарка на уметноста, магистер по
музеологија, со докторат по продукција и управување на институции од
културата – студија на случај МСУ – Скопје. Формирајќи и успешно
работејќи со тим од искусни и докажани професиналци во својата струка,
Мира Гаќина изминатите години успеа да го стави МСУ на мапата на
европските и светските музејски центри, реализирајќи повеќе капитални
изложбени проекти.

Еден од последните големи меѓународни проекти, кој e се уште во тек е
изложбата „Ниедно чувство не е конечно: Колекција на солидарноста, МСУ
Скопје“ во Кунстхале во Виена, изложба која го реафирмира основниот
карактер на МСУ, како музеј на интернационалната солидарност.
Изложбата идната година ќе патува и во Прага, а во тек се контакти и
со други музеи за проширување на димензиите на овој проект.

Серијата изложби „Се што ни е заедничко“ која вклучуваше дела и лично
присуство на редица релевантни светски и регионални уметници, потоа
соработката на изложбени проекти во Краков, Солун и ко-партнерството
со „Манифеста“, една од најзначајните светски манифестации на
современата уметност, се исто така само дел од листата на успешни
меѓународни проекти на МСУ. Тука треба да се спомене и извонредно
успешната Интердисциплинарна програма, која заедно со обновеното
издавање на списанието „Големото стакло“, го овозможи претставувањето
на денес релевантните теориски и критички практики. Овие меѓународни
успеси беа крунисани со приемот на МСУ во CIMAM (Меѓународно здружение
на музеи на модерна уметност), како и со меѓународната награда „Жива“
доделена на МСУ за креативност и посебни постигнувања.

Во својот мандат, Мира Гаќина и тимот на МСУ во континуитет продуцираа
и поставки во кои изложуваат светски познати и домашни докажани
уметници.

Од исклучително значење за музејот и македонската уметност и култура е
и повторното заживување на донаторската димензија на МСУ, збогатувајќи
ги збирките со над стотина нови подароци од странски и македонски
уметници и донатори. Во овој период МСУ ја подигна на многу повисоко
ниво и важноста на своите едукативни програми, како една од
суштинските социјални димензии на музејот.

„Веројатно многу скопјани, како и јас, биле, и уште се фасцинирани од
објектот на МСУ, кој спокојно го набљудува Градот, без да се
наметнува. Но, каква е вистинската вредност на неговата колекција, а
особено на неговиот концепт, како музеј инициран и остварен од страна
на уметниците осознав со време, преку моите студии и споредби со други
светски музеи. Стремежот да се демонстрира севкупниот потенцијал на
МСУ како релевантна институција во полето на современата уметност и
култура, беше причината поради која ја прифатив оваа многу одговорна
позиција во 2017 година. Водена од сознанието за колективниот
ентузијазам во сите нас, за повторно заживување на пионерските идеали
на солидарност втемелени во самата идејата на оваа по многу нешта
единствена институција кај нас и пошироко. Овој Музеј на солидарноста
го замисливме како Отворен Музеј, отворен за сите генерации, за сите
групи, за сите заедници, пред сè, за скопјани, како интегрален дел на
Старо Скопје, со целата негова културна различност, следејќи ја
оригиналната Мисија. Но најважно е што инспириравме нова генерација
меѓународни и наши уметници да му подаруваат дела на Музејот.
Солидарноста како вредност се издигна над спонтаната реакција
предизвикана од земјотресот во музејски концепт, низ трансгенерациска
врска на авторите. И покрај моето повлекување, засекогаш ќе останам
мотивирана да учествувам во натамошниот развој на МСУ, задоволна што
по 60 години од неговото основање е повторно една од најубедливите
вредности на скопскиот урбан живот“, вели Гаќина.

Истакнувајќи некои од позначајните постигнувања, стручниот тим и
вработените во  Музејот на современата уметност се надеваат дека овој
тренд на подигнувањето на нивоата на работата на институцијата ќе биде
соодветно препознаен и ќе наиде на уште поголема поддршка од
Министерството за култура и долгогодишнте партнери и поддржувачи.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ЦИКЛОНОТ ОД ЏЕНОВА ЌЕ ДОНЕСЕ ПРОМЕНЛИВО ВРЕМЕ По празниците нè

12/04/2026
Македонија

МЕРКАТА ЗА САМОВРАБОТУВАЊЕ ВО ПОДЕМ КАЈ МЛАДИТЕ Речиси 1.900 бизниси

12/04/2026
Македонија

ПУКАЛ ВО НОЌТА КОН ВОЗИЛО НА КУМАНОВЕЦ Во Кратовско приведен

12/04/2026
Македонија

Уапсено уште едно лице откако полиција пронашла повредено куче од

12/04/2026
Македонија

РАЗОТКРИЕН СЛУЧАЈ СО БОРБИ СО КУЧИЊА ВО ТЕТОВСКО Нашле куче

12/04/2026
Македонија

Малолетник со нож повредил друг малолетник пред игротека во Шуто

12/04/2026
Македонија

ПЕТАР: Случајот со Ивана и Катја е аларм за длабока

12/04/2026
Македонија

СЕМЕЈНО НАСИЛСТВО ВО ТИКВЕШИЈАТА Пријавени напади од сопруг и од

12/04/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42410
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ЦИКЛОНОТ ОД ЏЕНОВА ЌЕ ДОНЕСЕ ПРОМЕНЛИВО ВРЕМЕ По празниците нè чекаат дождови и грмотевици

12/04/2026

Во текот на новата седмица односно во периодот од 13 до 19 април 2026 територијата на Македонија ќе биде под

МЕРКАТА ЗА САМОВРАБОТУВАЊЕ ВО ПОДЕМ КАЈ МЛАДИТЕ Речиси 1.900 бизниси се отворени, вели ВРЕДИ

12/04/2026

Младите се двигател на развојот, државата ги отвора вратите на пазарот на трудот, вели коалицијата ВРЕДИ  истакнувајќи дека со  Оперативниот

ПУКАЛ ВО НОЌТА КОН ВОЗИЛО НА КУМАНОВЕЦ Во Кратовско приведен 35-годишник

12/04/2026

Маж од кратовско е лишен од слобода откако пукал со огнено оружје кон возило на лице од Куманово, при што

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy