Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Миовски изнуди пенал и се повреди, Жирона победи во меч со седум гола! (ВИДЕО)
Спорт

Миовски изнуди пенал и се повреди, Жирона победи во меч со седум гола! (ВИДЕО)

02/11/2024

AA

Жирона со 4-3 го совлада Леганес, Бојан Миовски изнуди пенал, но се повреди токму од тој старт врз него и предвреме го заврши натпреварот.

Миовски беше стартер на мечот, но и овојпат не успеа да постигне деби гол во Ла Лига, сепак даде допринос во победата.

Во првото полувреме Жирона со голови на Гутиерес и Мартинез двапати водеше, но Леганес изедначуваше преку Тапија и Круз.

Во 60. минута врз Миовски беше направен старт на линијата од шеснаесетникот, беше досуден пенал за Жирона. Македонецот беше заменет со Стуани кој го реализираше пеналот за водство од 3-2 и при прославата отрча во прегратка на Македонецот.

На Миовски му се укажуваше лекарска помош по стартот, а потоа со потешкотија го напушти теренот иако сакаше да го шутира пеналот. Останува да се види дали се работи за посериозна повреда или ќе биде подготвен за мечот од Лигата на шампионите.

Во 73. минута Гонзалез си постигна автогол за водство на Жирона од 4-2, четири минути подоцна Ел Хадиди намали на 4-3, но Леганес не успеа да се спаси од пораз, тоа беше конечниот резултат.

 

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Пожарот кај Илинден опасно се приближува до цистерни на „Макпетрол“

23/08/2026
Македонија

Артан Груби и уште седум други лица утре седнуваат на

23/08/2026
Македонија

Австрискиот амбасадор Памер по вандализмот на Шар Планина: Прашање е

23/08/2026
Македонија

Вооружен напад во Арачиново: Пукано кон „Шкода“ со две лица,

23/08/2026
Македонија

Езеро Рупа – скриениот бисер на Пелистер

23/08/2026
Македонија

Добро е тоа што немаме загинати или повредени и нема

23/08/2026
Македонија

17-годишен Македонец трет на Охридскиот пливачки маратон, победници се Аргентинката

22/08/2026
Македонија

ЕБР одбележа 25 години постоење: „Еден од столбовите на безбедносниот

22/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45197
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Пожарот кај Илинден опасно се приближува до цистерни на „Макпетрол“ и бензинска пумпа

23/08/2026

Пожарот во и околу каналот кој минува покрај Илинден во правец кон Белви предизвика загриженост, особено поради близината на инфраструктура

Артан Груби и уште седум други лица утре седнуваат на обвинителна клупа за криминалот во

23/08/2026

Утре претпладне во Основниот кривичен суд Скопје треба да започне судскиот процес против поранешниот прв вицепремиер Артан Груби и уште

Австрискиот амбасадор Памер по вандализмот на Шар Планина: Прашање е дали уште треба да се

23/08/2026

Амбасадорот на Австрија во Скопје, Мартин Памер, изрази разочараност по уништувањето на новопоставената зимска маркација на патеката за планинарење Попова

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy