
Миовски: Ќе се обидеме да ја изненадиме Италија преку контра-напади!
„Аѕурите“ ја пречекуваат Македонија на 17 ноември на „Олимпико“, а македонскиот напаѓач Бојан Миовски вели дека ќе се обидат преку контра-напади да го изненадат домаќинот.
„Секогаш е одлично кога се игра против врвни репрезентации. Мислам дека ова е вистинско време, немаме притисок. Имаме одлични резултати со Италија на последните натпревари и ќе се надигруваме со нив повторно. Мислам дека треба да ги чекаме нашите шанси преку контри. Очекувам тие да имаат контрола врз играта, но ние може да ги изненадиме на контра-напади. Секогаш е одлично кога фудбалерите имаат минутажа во клубовите. Ќе се игра на подобар терен и ќе има поквалитетен фудбал за двете репрезентации. Мислам дека ќе биде одличен меч за двете селекции и навивачите“, вели Миовски.
Англија е прва во групата Ц со 16 бодови, по што следи Украина со 13, Италија има 10, Македонија седум, а Малта е без бодови.

