Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Министерството за енергетика со директна помош за семејства со деца со попреченост и згрижувачи
Македонија

Министерството за енергетика со директна помош за семејства со деца со попреченост и згрижувачи

21/07/2025

AA

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини, продолжува со имплементација на мерките за директна финансиска поддршка на ранливите категории граѓани, со цел намалување на трошоците за потрошена електрична енергија. Овие мерки се насочени кон унапредување на животниот стандард на домаќинствата со деца со попреченост, како и на семејствата згрижувачи.

Ве информираме дека Министерството донесe Решенија за финансиска поддршка на домаќинства со едно или повеќе деца со попреченост, корисници на посебен додаток и Решенија за стекнување на  финансиска поддршка на домаќинствa згрижувачи кој згрижуваат од едно лице до пет лица во своето семејство, Согласно протоколот потпишан со ЕВН Хоме на месечна основа, најдоцна до 5-ти во месецот, контакт лицата од МЕРМС  до контакт лицата од ЕВН доставуваат листи на корисници на кои треба да им се намалат фактурите за потрошена електрична енергија за актуелниот месец согласно Програмата.

Листите ги доставуваат до контакт лицата. во електронска форма, на e-Mail адресата [email protected].

Секоја од листите треба да биде во Excel формат (.xls / .xlsx) и да содржи:

–           Број на донесено Решение од Министерството,

–           Број на корисник од базата на ЕВН Хоме

–           Број на место на потрошувачка и

–           Износ на директна финансиска поддршка.

По  доставување на листите, а најдоцна во рок од 3 работни дена, Министерството врши уплата на вкупниот износ на директна финансиска поддршка за тој месец на ЕВН Хоме. Информација за налогот за исплата ќе се достави на e-Mail [email protected].

ЕВН Хоме на месечно ниво, најдоцна 3 дена од датум на реализираната на корисниците од листата им го одобрува дефинираниот износ на директна финансиска поддршка, и го евидентира како претплата на бројот на корисник.

Претплатата ќе биде видлива во евиденцијата на ЕВН Хоме и ќе биде употребена за намалување на износот за плаќање на следната фактура за потрошена електрична енергија. Намалувањето ќе биде прикажано како “Износ во претплата“ во фактурата.

Доколку износот во претплата е поголем од вкупниот износ за плаќање на фактурата, преостанатиот износ во претплата по основ на директна финансиска поддршка ќе биде употребен за намалување на износот за плаќање на следните фактури, сè до целосно исцрпување.

По евидентирање на претплатите на броевите на корисниците, ЕВН Хоме до контакт лицата од МЕРМС на email адресите доставува вкупен Извештај на евидентирани претплати за сите категории на корисници од овој Јавен оглас.

Со оваа иницијатива, институциите го потврдуваат својот ангажман во насока на создавање социјално одговорно општество и обезбедување поддршка таму каде што е најпотребна. Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини ќе продолжи активно да работи на реализација на програмите кои го олеснуваат пристапот до енергија за ранливите категории, во партнерство со сите релевантни чинители.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Претреси на 32 локации во Скопје, се истражува сомнение за

11/09/2026
Македонија

МНР: 25 години од 11 Септември, Македонија стои со САД

11/09/2026
Македонија

МВР со детали за пожарот во Шуто Оризари: Опожарени над

11/09/2026
Македонија

Поднесена кривична пријава за убиството на 26-годишникот во Скопје, осомничени

11/09/2026
Македонија

Новиот клинички центар ќе биде кај „Борис Трајковски“, се разгледуваат

11/09/2026
Македонија

Савески за „Пулс“: Роковите за притвор мора да се почитуваат,

11/09/2026
Македонија

Во тек е полициска акција: Претреси поради сомнежи за фалсификувани

11/09/2026
Македонија

Мицкоски за укинувањето на пресудата за „Ласкарци“ и Јакимовски: Вие

11/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45643
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Претреси на 32 локации во Скопје, се истражува сомнение за фалсификување исправа

11/09/2026

Претреси на вкупно 32 локации во Скопје се вршат денеска во рамки на полициска акција, информира Основното јавно обвинителство Скопје.

МНР: 25 години од 11 Септември, Македонија стои со САД во борбата против тероризмот

11/09/2026

Дваесет и пет години по терористичките напади од 11 Септември, Македонија им оддава почит на жртвите и на оние кои

МВР со детали за пожарот во Шуто Оризари: Опожарени над 20 дуќани со текстилна и

11/09/2026

На 11.09.2026 околу 03:20 часот во СВР Скопје е пријавено дека во трговски центар на подрачјето на Шуто Оризари, биле опожарени

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy