Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ЕКОНОМИЈА ГО ПРОГЛАСИ ЗА УСПЕШЕН ПРОЕКТОТ НОВОГОДИШНА КОШНИЦА – дали цените се намалија како што очекуваа граѓаните
Економија

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ЕКОНОМИЈА ГО ПРОГЛАСИ ЗА УСПЕШЕН ПРОЕКТОТ НОВОГОДИШНА КОШНИЦА – дали цените се намалија како што очекуваа граѓаните

15/01/2025

AA

Министерството за економија смета дека е успешна новогодишната кошница. Како што е познато, денеска завршува акцијата
Новогодишна кошница, која што траеше од 15 декември 2024 година до 15
јануари 2025 година.

Од Министерството за економија се огласија во јавноста со едно поопширно соопштение до јавноста, во кое велат дека главната цел на
Новогодишната кошница која што беше креирана од бизнисот, односно
производителите, дистрибутерите и трговците, била да се креира поширока листа
на одделни прехранбени производи, на кои им се ставија намалени цени на
рафтовите.

„Со истата се спречи
зголемување на  цените пред и за
новогодишните и божиќните празници и се одржа стабилно ниво на инфлацијата во декември лани и јануари годинава, за време на
новогодишните и божиќните празници кога има зголемена потрошувачка. На листата на производи,
како што е објавено и на веб-страната Моја кошница која што Министерството за
економија и труд ја креираше токму за оваа акција, се вклучија 1.178 производи од
96 производители и дистрибутери, 51 маркети, а акцијата се
применуваше во 762 продажно место. 
Ако ги согледаме овие
бројки сметам дека акцијата Новогодишна кошница беше успешна и придонесе за
намалување на цените на производите кои што беа вклучени во нејзе“, пишува во своето соопштение министерот за економија Бесар Дурмиши.

Според Државниот завод за
статистика од податоците за Индекси на трошоците на животот и на цените на мало
за декември, инфлацијата во 2024 година споредено со 2023
година изнесува 3,5 отсто, како што беше и проектирано. На месечно ниво пак во
декември 2024, споредено ноември 2024 година инфлацијата изнесува 0,3 проценти.

„Податоците на статистика
покажуваат дека во декември 2024 година во однос на ноември 2024 година
намалувањето на трошоците за живот кај храна и безалкохолни пијалоци изнесува 0,3 отсто. Ова покажува дека
Новогодишната кошница каде што беа вклучени во најголем дел прехранбени и
безалкохолни пијалоци го дала својот ефект и цените на храната и пијалоците во
декември 2024 година бележат намалување во однос на ноември 2024 година. 
Се очекува и во
статистичките податоци за јануари 2025 година во однос на декември 2024
година,  да се потврдат ефектите од
новогодишната кошница, односно да се 
оствари дополнително намалување на трошоците за живот кај храна и
безалкохолни пијалоци. 
Благодарност до сите
производители, дистрибутери и трговци кои што се приклучија и учествуваа во
оваа акција и ги намалија цените на прехранбените производи и на дел од
пијалоците за време на новогодишните и божиќните празници. 
Министерството за економија
и труд во наредниот период ќе продолжи да креира мерки и политики кои ќе значат
заштита на стандардот на граѓаните“, се вели во соопштението од Економија.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ПЕНЗИОНЕР ПУКАЛ ВО ВОЗДУХ ПО СЕМЕЈНА РАСПРАВИЈА 76-годишен охриѓанец нападнал

06/10/2026
Македонија

ЗЛАТО, СКАПИ ЧАСОВНИЦИ И ЧАНТИ „ХЕРМЕС“, „ЛУЈ ВИТОН“ И „ДИОР“

06/10/2026
Македонија

📷 САМО ШТО ВСЕЛЕН, ВЕДНАШ ГО ЗАТНАЛЕ СО ВЛАЖНИ МАРАМИЦИ

06/10/2026
Македонија

ЈА ИСТЕПАЛА 19-ГОДИШНАТА ЌЕРКА, ГО МАЛТРЕТИРАЛА И СВОЕТО БЕБЕ Пријава

06/10/2026
Македонија

КУП ДРОГА ПРОНАЈДЕНА КАЈ ОСУДЕНИЦИ ВО ИДРИЗОВО Одземени 25 пакувања

06/10/2026
Македонија

ПОЛИЦИЈАТА ГИ ЛОВИ ВОЗАЧИТЕ СО ТЕЛЕФОН ВО РАЦЕ Оставете го

06/10/2026
Македонија

ПОЖАР ВО КАМП-ПРИКОЛКА КАЈ ОХРИД Двајца повредени при гаснењето

06/10/2026
Македонија

ОБВИНИТЕЛСТВОТО ДА ГО РАСПИТА ФИЛИПЧЕ ЗА НАБАВКАТА НА ХЕЛИКОПТЕРИ ИЗВРШЕНА

06/10/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 46010
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ПЕНЗИОНЕР ПУКАЛ ВО ВОЗДУХ ПО СЕМЕЈНА РАСПРАВИЈА 76-годишен охриѓанец нападнал член на семејството

06/10/2026

Полициски службеници од СВР Охрид вчера во 19:15 часот на улица „Кленоец“ во Охрид го лишија од слобода И.С. (76),

ЗЛАТО, СКАПИ ЧАСОВНИЦИ И ЧАНТИ „ХЕРМЕС“, „ЛУЈ ВИТОН“ И „ДИОР“ НАЈДЕНИ ВО ПРЕТРЕСИТЕ Кривични за

06/10/2026

Две службенички од Државна лотарија се кривично пријавени за сомнение дека проневериле речиси 1,3 милиони евра, а при претресите поврзани

📷 САМО ШТО ВСЕЛЕН, ВЕДНАШ ГО ЗАТНАЛЕ СО ВЛАЖНИ МАРАМИЦИ Поплавен тоалет во реновираниот студентски

06/10/2026

Екипи на ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје вчера интервенирале во тоалет во реновираниот студентски дом „Стив Наумов“ каде што

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy