Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Министерот Меџити: Лично ќе иницирам инспекциски надзори и при најмал сомнеж за оштета на пациенти
Македонија

Министерот Меџити: Лично ќе иницирам инспекциски надзори и при најмал сомнеж за оштета на пациенти

19/07/2023

AA

Лично ќе иницирам инспекциски надзор за секој случај за кој постои и најмал сомнеж за оштета на пациенти, истакна министерот за здравство д-р Фатмир Меџити на денешната работна средба со директорката на Државниот санитарен и здравствен инспекторат д-р Рената Младеновска.

На средбата која се реализираше по иницијатива на министерот за здравство Меџити беше разговарано и за актуелните случувања во здравството, за кои Министерството за здравство иницираше вонреден инспекциски надзор.

-Министерството за здравство будно ја следи работата на сите јавни здравствени установи и е во постојана координација со раководните структури. Нема да дозволиме да останат нерасчистени случаи, мора да има одговорност кога е здравјето на граѓаните во прашање. Секаде каде што ќе се отвори дилема дали е обезбедена соодветна здравствена заштита за пациентите и дали тие добиле соодветен третман ќе иницираме надзор на теренот, потенцираше Меџити.

Министерот за здравство Меџити истакна дека улогата на ДСЗИ во здравствениот систем е огромна и дека оваа институција мора сериозно да ја спроведува својата работа и транспарентно да известува, бидејќи од неа во голема мера зависи довербата на пациентите во јавното здравство.

-Државниот санитарен и здравствен инспекторат е постојано на терен и врши надзор преку редовни, вонредни и контролни инспекциски надзори во сите здравствени установи. Фокусирани сме на делот на обезбедување квалитетна здравствена заштита и остварување на правата на пациентите. На секоја добиена претставка или налог од министерот за здравство ние соодветно постапуваме,.објасни Младеновска.

Директорката на ДСЗИ за време на средбата информираше и за вонредниот инспекциски надзор реализиран во врска со случајот на мртвородно бебе во КБ Битола, за кој рече дека е завршен и дека наскоро се очекуваат резултатите кои ќе бидат во детали соопштени во јавноста, од страна на ДСЗИ. Таа истакна дека ќе продолжи посветено да работи, со цел институцијата со која раководи да постапува навремено и ажурно.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

🎥 ДИВЕЕЛ НА ПАРТИЗАНСКА НА ЕДНО ТРКАЛО ЗА ДА СЕ

11/10/2026
Македонија

🎥 ТРГНАЛЕ НА СВАДБА, БЛОКИРАЛЕ СООБРАЌАЈ ВО АЕРОДРОМ Казнети четворица

11/10/2026
Македонија

ДВАЈЦА СТРАНЦИ БЕЗБЕДНО ИЗВЛЕЧЕНИ ОД ПЕРИБЕГ Ги затекнало лошо време,

11/10/2026
Македонија

ДИМИТРИЕВСКИ ГИ ПОВИКА ГРАЃАНИТЕ ДА ЈА ОДБЛОКИРААТ ДЕПОНИЈАТА КРАСТА Вети

11/10/2026
Македонија

ОХРИЃАНЕЦ ЗАГИНА, МУ СЕ ПРЕВРТЕЛО КАНУТО Го нашле на околу

11/10/2026
Македонија

МАКЕДОНИЈА САКА ЕВРОПСКА ИДНИНА СО ИСПРАВЕНА ГЛАВА Мицкоски повика на

11/10/2026
Македонија

ШЕСТМИНА ПОЛИЦАЈЦИ СУСПЕНДИРАНИ ПОРАДИ НАСИЛСТВО ВРЗ ДВАЈЦА АЛБАНЦИ Ќе одговараат

11/10/2026
Македонија

НА 11 ОКТОМВРИ МАКЕДОНСКИОТ НАРОД ЗАСТАНА НА ВИСТИНСКАТА СТРАНА Николоски

11/10/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 46113
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

🎥 ДИВЕЕЛ НА ПАРТИЗАНСКА НА ЕДНО ТРКАЛО ЗА ДА СЕ СНИМИ ЗА ТИК ТОК Две

11/10/2026

Две кривични пријави доби возачот на мотоцикл кој дивееше на булеварот Партизански одреди во Скопје, соопшти полицијата. На 10.10.2026 било

🎥 ТРГНАЛЕ НА СВАДБА, БЛОКИРАЛЕ СООБРАЌАЈ ВО АЕРОДРОМ Казнети четворица возачи

11/10/2026

Полицијата казни четворица возачи кои со возила блокирале булевар во Скопје додека оделе на свадба. Во видеото кое било споделено

ДВАЈЦА СТРАНЦИ БЕЗБЕДНО ИЗВЛЕЧЕНИ ОД ПЕРИБЕГ Ги затекнало лошо време, ги пронашла косовската служба за

11/10/2026

Безбедно се извлечени двајца странски државјани од Пирибег денеска, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК). Утрово во 08:22 часот,

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy